Од 21 до 23 јануари 2025 година, во Х. Фреја во Струга се одржа тридневна обука на тема: „Род, родова еднаквост и сексуално насилство“. Обуката беше предводена од искусните обучувачи Елена Димушевска и Хајди Штерјова Симоновиќ и вклучуваше детална програма насочена кон подигнување на свеста и едукација за овие важни прашања.
Ова е втората обука за локални женски организации – грантисти во рамките на проектот „СЕ ГРИЖИМЕ: Заедно се бориме против сексуалното и родовото насилство“, финансиран од Европската Унија.
Првиот ден започна со за род и насилство врз жени, каде што преку видео материјали се дискутираше за овој проблем. По кратка кафе пауза, учесниците продолжија со втората сесија за облици на родово базирано насилство (РБН) и динамика на насилството. Вториот ден продолжи со сесија на тема сексуално насилство, а потоа беше опфатена и правната рамка за РБН, што овозможи учесниците да се запознаат со законските аспекти на оваа проблематика. По ручекот, следеше продолжена сесија за препознавање, упатување и механизми на заштита од насилство врз жени и деца. Третиот и последен ден започна со сесија посветена на директна работа со жртви на насилство и длабинско разгледување на методите и пристапите за работа со жртви.
Организациите грантисти кои учествуваат во обуката се: Здружение на психолози, психотерапевти и советувачи „КОРТЕКС“ Тетово; Центар за Еднакви Можности „Бубамара“ – Гостивар; Рурална коалиција – Кичево; Здружение за развој и активизам „АКВА“ – Струга; Спорт Соушал Солушнс, и Здружение за правна едукација и транспарентност Станица ПЕТ Прилеп.
Повеќе информации за првата обука на тема „Раководење со проекти, финансии и административно работење“ може да најдете на овој линк.