Интервентен женски фонд
Женскиот фонд е основан со цел финанскиска помош и поддршка на жени и девојки жртви на различни форми на родово базирано насилство. Корисници на средства од Женскиот фонд може да бидат жени и девојки жртви на некоја форма на родово базирано насилство, а кои го имаат пријавено случајот во релевантните институции/организации и водат постапка против сторителот.
Корисници на средства од Женскиот фонд може да бидат и самохрани мајки кои биле жртви на некаква форма на родово базирано насилство.
Жените и девојките жртви на родово базирано насилство може да побараат поддршка преку користење на средства од Женскиот фонд, доколку се наоѓаат во некоја од следниве ситуации:
– Се жртви на некоја форма на родово базирано насилство, а се материјално необезбедени (на пример невработени, со ниски примања, примателки на социјална помош);
– Се самохрани мајки;
– Се во ризик од бездомништво.
Средствата се доделуваат за задоволување на егзистенцијални потреби или обезбедување на одреден сервис и тоа:
– Материјална помош и помош во натура на жени и девојки жртви на насилство која ќе покрие трошоци за храна, облека, лекови, и др.
– Материјална помош на жени и девојки жртви на насилство за покривање на трошоците за медицинска документација
– Правна помош за застапување на жените жртви на семејно насилство (правна помош при покренување на постапка пред суд и следење на истата до моментот додека не биде одобрена БПП од МП)
– Еднократно покривање на сметки од комунални трошоци
Доколку ви е потребна помош побарајте не на 075 255 154, секој ден од 8.30 до 16.30 часот, или испратете ни маил на coordinator@glasprotivnasilstvo.org.mk