ХЕРА- Прв семеен центар на Град Скопје
Првиот семеен центар на Град Скопје е првото специјализирано советувалиште во земјава за жртви/преживеани и сторители на родово засновано и семејно насилство, вклучително и за малолетни деца и за други членови кои се директно или индиректно засегнати од насилството.
Преку него им обезбедуваме психо-социјална поддршка, советување и правна поддршка на семејствата во кои постојат конфликтни односи или родово засновано и семејно насилство. Покрај индивидуално, групно и семејно советување со психотерапевти, Центарот нуди и советување за социјални права, упатување и придружба до соодветни институции и организации и правна помош. Сите услуги во Центарот се бесплатни и доверливи.
Центарот е отворен секој работен ден: понеделник, среда и петок од 9 до 16 часот, а вторник и четврток од 12 до 19 часот.
Контакт
Адреса: „Костурски херои“ бр. 50
тел: 02/3200 007
емаил: infopsc@hera.org.mk