Организации членки на Мрежата

Асоцијација за здравствена едукација и истражување – ХЕРА

ХЕРА – Aсоцијација за здравствена едукација и истражување е здружение на граѓани кое во јануари 2000 година го формираат шест волонтери, студенти по медицина решени да преземат нешто околу недоволната едукација за ХИВ и СИДА и недостигот на лекови и грижа за луѓето кои живеат со ХИВ во Македонија. Малку подоцна, ХИВ станува само еден од аспектите на сексуалното и репродуктивното здравје и сексуалните права на чие унапредување ХЕРА работи речиси две децении. Како полноправна членка на Меѓународната федерација за планирано родителство(МФПР) од 2009 година, ХЕРА застапува за подобри политики, обезбедува бесплатни и доверливи сервиси за сексуално и репродуктивно здравје и за родово базирано насилство, едуцира за сексуалните права и ги омоќува маргинализираните – затоа што силно верува дека сите луѓе треба да ја уживаат својата сексуалност слободно и во социјална благосостојба.

Мисија: Хера предводи граѓанска акција и поттикнува општествена промена за остварување на сексуалните права и за овозможување подобро образование и услуги за сексуално и репродуктивното здравје, особено за маргинализираните заедници
Визија: Сите луѓе ја уживаат својата сексуачност слободно и во социјална благосостојба
Вредности:
– сите луѓе имаат еднакви права и заслужуваат рамноправни услови за остварување на правата
– веруваме во социјалната правда како темел на инклузивното општество и како основа за секој да ги ужива своите права и слободи без разлика на различните позиции на моќ на луѓето
– почитувањето на различностите е еден од основните принципи за слободно општество
– активизмот претставува предуслов за демократски развој и алатка за остварување на сопствените права и правата на другите
– слободата на избор, во можноста и правото секој да одлучува за себе, како и да донесува одлуки за кои е информиран и ослободен од притисоци
– младинското учество како модел за градење силно граѓанство и одржливо демократско општество
– борбата за остварување на правата и слободите на обесправените лица може да биде успешна
единствено преку нивно омоќување, мобилизирање и активно учество
– веруваме во феминизмот како идеологија која ги обединува нашите вредности и како
движење кое се залага за унапредување на правата на различните сексуални и родови
идентитети преку надминување на родовите норми кои водат до нееднаквост, неправда и насилство

Контакт:
Адреса: Франклин Рузвелт 51a/26, 1000 Скопје, Северна Македонија
Тел: +389 (0)2 3290 395
Факс: +389 (0)2 2556 002
е-маил: hera@hera.org.mk
веб-страница: www.hera.org.mk

Асоцијација за унапредување на статусот на жената во Македонија „Женска акција“ - Радовиш

Женска акција е Асоцијација за унапредување на статусот на жените во современите општествени процеси во Македонија. Основана е на  15.07.2005 година со цел создавање на поволни услови за организиран пристап  и постојана  општествена активност на жените во Радовиш и пошироко, обезбедување на  соодветна  застапеност  на жената во сите сфери на  јавниот и политичкиот живот  во државата, следење, спроведување  и применување на меѓународни конвенции и декларации за заштита на жената и нејзините права, решавање на проблеми поврзани со жената, афирмирање на културата  на живеење на жената  и семејството, социјална и здравствена едукација на жената, толеранција и коегзистенција на меѓуетнички односи, поттикнување и вклучување  на жените во хуманитарни, мировни и граѓански иницијативи и соработка со невладини женски  организации на меѓународен план и со други здруженија.

„Женска акција“ е основана со цел:

– Создавање на поволни услови за организиран пристап и постојана општествена активност на жените во Радовиш и пошироко;
– Обезбедување на соодветна застапеност на жената во сите сфери на јавниот и политичкиот живот во државата;
– Следење, спроведување и применување на меѓународни конвенции и декларации за заштита на жената и нејзините права;
– Решавање на проблеми поврзани со жената, афирмирање на културата на живеење на жената и семејството, социјална и здравствена едукација на жената;
– Толеранција и коегзистенција на меѓуетнички односи;
– Поттикнување и вклучување на жените во хуманитарни, мировни и граѓански иницијативи;
– Соработка со невладини женски организации на меѓународен план и со други здруженија.

Контакт:
Адреса: Илинденска бб, 2420 Радовиш
Тел.: +389 77 924 810
Епошта:zenska.akcija@gmail.com
Вебстрана: http://www.zenskaakcija-radovis.mk

Женска граѓанска иницијатива – АНТИКО

Женска граѓанска иницијатива АНТИКО е формирана во 1999 година како одговор на потребата на  заедницата за мултиетничко вмрежување и тимско делување во областа на демократијата, плурализмот, толеранцијата, меѓуетничката соработка, унапредувањето на родовата рамноправност и активното учество на граѓаните во изградбата на мирот во заедницата, преку економска, социјална, културна благосостојба и почитување на основните човекови права на сите луѓе – различни и маргинализирани.

Мисија: ЖГИ АНТИКО е динамична е граѓанска иницијатива на жени која преку коориниранo делување дава придонес за промоција на културата на мирот и изградбата на заедницата преку, унапредувањето на политиките и практиките за заштитата на човековите/женските права, постигнувањето на родовата рамноправност, унапредување на демократските процеси и мултиетничката соработка во Р. Македонија и пошироко.

 

Визија: АНТИКО е самоодржлива мрежа која поддржува и влијае врз креирањето на родовите политики и е носител на активности за социо-економското зајакнување на жената во Македонија.

Мрежата на АНТИКО со координирани акции и партнерство со граѓанските организации, локалната самоуправа, бизнис секторот, медиумите и други чинители, спроведува континуирани активности кои остваруваат позитивно влијание на ниво на индивидуи, групи и на ниво на заедницата. Форми на делување: јакнење на капацитети, застапување во институциите на системот, промоција, информирање, едукација, неформално образование, родови истражувања, издавање на публикации, прирачници и др. АНТИКО работи и на спроведување на јавни акции во заедниците, воспоставува влијание и поддршка за креирање родово одговорни политики и буџети на локално и централно ниво.

Контакт:

Адреса Ул. Емин Дураку бр. 2/2/14, 1000 Скопје
Телефон: ++ 389 (0)2 2 614 641
e-mail: antico@t.mk; contact@antiko.org.mk
веб страна: www.antiko.org.mk; www.antico.org.mk

Женска граѓанска иницијатива „Клеа“ - Битола

Мисија на ЖГИ ,,Клеа,, – создавање услови за родово балансиран развој на зедницата преку
економско,политичко и општествено јакнење на жените

Области на делување -јакнење на граѓанското општество, мониторинг на јавни политики, родова анализа на буџети, лобирање и застапување

Цели и задачи:
– Сензибилизација на инситуциите на власта и јавноста за родовата еднаквост преку едукација, лобирање и застапување.
– Сензибилизацијата на жените за родовата еднаквост преку зајакнување на самодовербата и самосвесноста

– Економско зајакнување на жените преку едукација, поддршка, лобирање кај финансиските организации, банки,странски донатори за формирање на кредитна линија за жени со поволни услови.
– Мулти секторско зајакнување на жените за поголемо учество во главните текови на општествениот и политичкиот живот.
– Заштита на човековите права преку мониторинг и навремено укажување на неправилностите.
– Вмрежување со женски и др. граѓански организации преку соработка и формирање адхок или трајни коалиции.
– Активно следење и соработка со локалната самоуправа и др.институции во донесување, примена и измена на законската регулатива во врска со правата на жената.

Контакт:
Контакт – ул. Климент Охридски 15/14 Битола
Тел. 070 339 948; 075 886 706
Емаил. kleabitola@gmail.com

Здружение за еднакви можности „Семпер“ - Битола

Здружение ЗА ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ СЕМПЕР е невладина, непартиска, непрофитна организација која е основана на 21.06.2002 година. Со одлука на Министреството за Труд и социјална политика на Р.М во Јули 2005 год. е регистрирана во регистерот на граѓански организации кои што работат на полето на социјална заштита.

Мисија: Покренување иницијативи за еднакви можности за учество на сите граѓани во сите сфери од опшествениот живот, обезбедување на целосно уживање на сите човекови права, живот без насилство и елиминирање на секаков вид на дискриминација.

Визија: СЕМПЕР е граѓанска организација која на национално и интернационално ниво во партнерство со сите граѓани во општеството и со силна координација на професионалнците од владиниот и граѓанскиот сектор успешно го промовира концептот на живот без насилство, ја зголемува свеста за човековите права и родовата еднаквост.
Мото: Живот без насилство и еднакви можности за сите

Контакт
Адреса: ул.Сисак бр.23 Битола, 7000, Р. Македонија
телефон: 047/252-095;070/339-296
емаил: semperbt@yahoo.com
Веб страна: http://semper.org.mk/

Здружение за локален рурален развој – Камењане

Здружението за Локален Рурален Развој е основано во 2006 година од страна на група млади луѓе насочени кон развивање на граѓанското општество во руралните средини.

Мисија
Поддршка на граѓанските иницијативи (формални и неформални) и јавниот сектор во мобилизација на ресурсите насочени кон рурален развој на заедницата и зајакнување на маргинализираните, ранливи и социјално исклучени групи.

 

Организацијата ги остварува следните цели и задачи:
– Поддршка во развојот на социјалните услуги, поддршка во развојот и заштитата на човековите и граѓански права на маргинализираните групи;
– Поддршка во развојот на капацитетите на граѓанските (формални и неформални) иницијативи;
– Поддршка во развојот на институционалните и оддржливи модели на учество на граѓаните во јавните политики.

Контакт:
Здружение за Локален Рурален Развој
Ул. Маршал Тито бб, Унибау локал 18,
Тетово, Република Македонија
E-mail: office@zlrr.org.mk

Здружение за Локален Рурален Развој
Ул. Роса Плавева бр.4, Стан 8
Скопје, Република Северна Македонија
Тел/фах. 02/6137 911
E-mail: office@zlrr.org.mk
Веб страница: http://zlrr.org.mk/
Facebook: https://www.facebook.com/ZLRR.ALRD

Здружение на граѓани „Сирма“ - Куманово

Контакт:
Телефон: 031/420620
Факс: 031/ 411088
Емаил: tatjana_krstevska@yahoo.com

Здружение на граѓани „СУМНАЛ“

Здружение за развој на ромската заедница во Македонија беше основанo во јуни 2004 година и одговара на потребите на државните училишта и на населбата Топаана кои се поврзани со исклучително слабиот успех на училиште, висока стапка на осип од училиштата, неписменост и мала свесност за важноста на образованието. За да се бори со овие проблеми, Сумнал организира и изведува различни образовни и општествени активности, како и активности кои го градат карактерот во врска со материјалот кој се учи во редовните училишта и наставните планови подготвени од Министерството за образование и наука.За само неколку години услугите кои ги обезбедува Сумнал драматично се зголемија, иако организацијата остана верна на првичната мисија и цели. Преку соработка со заедницата, соработка со Советот на родители и воспоставување блиски односи со локалните училишта, Сумнал е во можност да ги идентификува и да започне да излегува во пресрет на дополнителните потреби на заедницата.

Денес, како дополнение на повеќе од 60 часа неделно образовни можности кои им се нудат за децата, Сумнал обезбедува широк спектар на образовни можности за сите членови на заедницата. Овие можности го вклучуваат следното, иако не се ограничени само на тоа:Правата на жените, подучување, посетување јавни настани, регистрација на граѓани, борба со сиромаштијата која е честа во околината, семејно насилство, хигиена и санитетско-здравствени мерки, вакцинирање, права на децата, описменување на возрасни, демократско учество, човекова средина и многу други. Напредокот на луѓето од Топаана е сигурен. Сепак, Сумнал почна да обезбедува средства и извори потребни за образование на исклучително големиот број возрасни луѓе и деца во населбата Топаана. Без сомнение, надежите, соништата и иднината на цела генерација е посветла поради напорите на тимот, волонтерите, партнерите и симпатизерите на Сумнал.

Мисија: Да се зајакне ромската заедница во република Македонија преку подобрување и развој на образованието, културата, креативниот развој на децата и младите, социјална вклученост, економски развој, здравство и заштита на животната средина

Визија: Ромите се интегрирани во општеството и даваат поголем придонес во развојот на Република Македонија

Контакт:
адреса: Максуд Садик бб, 1000 Скопје
тел. +389 2 2611219
е-маил: sumnalb@yahoo.com
веб страна: https://sumnal.mk/mk/

Здружение на граѓани „Флоренс Најтингејл“ – Куманово

“ФЛОРЕНС НАЈТИНГЕЛ” е невладино мултиетничко здружение кое работи на превенција на семејното насилство, заштита на жените и децата, обезбедува правна помош, лобира и ги застапува жртвите на семејно насилство пред надлежните институции во Република Македонија, во насока на постигнување на целосна родова рамноправност во општеството

Мисија: Жената во Македонија, еднаква на припадниците на машкиот пол во сите сфери на мултиетничкото и мултикултурното општество, придонесува за развој на земјата.

Визија: Македонското демократско и просперитетно општество е составен дел од европското семејство во кое граѓаните се еднакви, без оглед на нивниот пол, етничка припадност или која било друга припадност.

Нашата работа:
1. Подигнување на свеста и превенција на сите облици на насилство врз жената;
2. Се залагаме за родова рамноправност помеѓу жените и мажите во семејството и општеството;
3. Нудиме бесплатна правна помош и поддршка на жените во остварувањето на нивните права.

Контакт:
тел. +389 78 267 155, +389 71 379 771
e-mail: florencenightingale28022002@yahoo.com
веб: ngoflorencenightingale.wordpress.com

Здружение на еднородителски семејства Една може! -Скопје

„Една може!“ е граѓанска организација за унапредување на правата на еднородителските семејства, во најголема мера на самохраните мајки.

Организацијата „Една може!“ е доброволна, непрофитна, невладина, непартиска, самостојна организација, формирана со слободно здружување на граѓаните/ките поради остварување, заштита и усогласување на своите интереси и уверувања за унапредување на граѓанското, родово рамноправно општество и локалните самоуправи, како и поради вршење на дејности и активности за поттикнување на моралните вредности, зајакнување на меѓуполовите односи, меѓуетничкиот дијалог и економскиот развој на самохраните родители и деца на територијата на Република Македонија.

Мисија: Мисијата на организацијата е да работи на ефективна промоција и поддршка во остварување на правата на членовите на еднородителските семејства, самохраните мајки и нивните деца, во Р. М. отварајќи можности за соодветна поддршка и ресурси кои им се неопходни.
Организацијата „Една може!“ дејствува на национално ниво на територијата на Македонија со растечки тенденции и можности да се вмрежува со други организации и фондации со исти и/или слични цели и интереси, како во државата, така и надвор од неа.

Визија: Визијата на организацијата е обезбедување севкупна општествена грижа и третман на еднородителските семејства на ниво во Република Македонија и нивно интегрирање кон еднаков пристап до услуги и добра за нормално функционирање.

Контакт
Адреса: Ул.Џумајска бр.31, 1000 Скопје
Телефон: 025511892
Е-mail: onecan.office@gmail.com
FB page: https://www.facebook.com/onecanednamozhe/

Здружение на социјални работници на Град Скопје

Здружението на социјални работици на Град Скопје е непрофитна, невладина хуманитарна организација формирана во 1973 година. Своите активности здружението ги започна со цел развивање на професионални капацитети на своето членство и дисеминирање на знаења што ќе овозможат на социјалните работници да бидат во тек со најновите достигнувања во областа на социјалната работа и социјалната политика. На тој начин тие активно ќе се вклучат во помагање на решавање на проблемите на граѓаните кои се наоѓаат во состојба од социјален ризик.

Активностите на Здружението на социјалните работници на град Скопје се од особено значење поради настанатите социјални и економски проблеми кај граѓаните како резултат на проблемот на сиромаштијата, зголемувањето на семејното насилство, трговија со луѓе, грижата за деца под социјален ризик,бездомништвото, зависност од дроги и алкохол, и заразување со ХИВ вирусот и појава на СИДА, зголемување на невработеноста и др.
Преку своите активности во сферата на социјалната заштита, здружението е значаен фактор во остварувањето на социјални услуги и активности во подрачја каде што државата не е во состојба да делува со што дава активен придонес во плирализацијата на системот на социјална заштита преку намалувањето на социјалните проблеми и задоволувањето на социјалните потреби кај граѓаните во РМ.

Контакт:
Адреса : ул. „11 Октомври“ бр. 42 а
тел/факс: 02/3212-690
e-mail: zsr.skopje@gmail.com
http://www.zsr-skopje.mk/

Кризен центар „Надеж“

Кризен Центар „Надеж“ е здружение на граѓани за заштита на жртви на семејно насилство, кое веќе 20 години работи на обезбедување соодветна помош и поддршка на жртви или потенцијални жртви на семејно насилство.

Визија: Визијата на Кризен Центар „Надеж“ е достоинствен живот ослободен од насилство за сите жени и девојки

Мисија: Мисијата на Кризен Центар „Надеж“ е активна борба против насилството врз жените и децата и семејното насилство во Република Северна Македонија како појави што ги кршат правата на жените и децата и човековите права воопшто.

Кризен Центар „Надеж“ континуирано работи на застапување, едукација и директна поддршка за прекин на кругот на насилство врз жените и семејното насилство, преку промени на индивидуалните и општествените верувања, ставови и однесувања кои генерираат насилство.
Нашата работа:
1. Телефон на доверба и национална СОС линија за жртви на семејно насилство
2. Вршиме едукација на жртви на семејно насилство
3. Обезбедуваме згрижување и заштита на жртви на семејно насилство во период од 24-48 часа
4. Нудиме бесплатно правно советување
5. Работиме на подигнување на јавната свест

Контакт:
СОС линија 02/ 15-315
тел: ++ 389 2 3173-424
факс: ++ 389 2 3175-516
е-маил: info@krizencentar.org.mk
е-маил: sovet@krizencentar.org.mk
веб страна: www.krizencentar.org.mk

Здружение за родова еднаквост ВИЗИЈА Кавадарци

ЗРЕ ВИЗИЈА КАВАДАРЦИ, Здружение за родова еднаквост “Визија” Кавадарци е невладина, непрофитабилна организација. Во неа може да членува секоја жена без разлика на нејзината верска и национална припадност. Основана е од 1991 год. веднаш со отпочнувањето на транзицијата во земјата.

Мисија: Жените-како движечка сила во општеството преку заштита на нивните правата, подобрување на нивниот статус во општеството и намалување на насилството над жените и семејното насилство.

Визија: Застапување, афирмирање, лобирање за интересите и правата на жените од урбаните и руралните подрачја преку едукација, подигнување на јавната свест, нивна афирмација во општественото живеење и делување при што еднаквоста се јавува како основен постулат во делувањето на здружението.

Контакт
Адреса ул.Крсте Мисирков бр. 55, 1430 Кавадарци
Тел.070/394 203; 071/ 259 070
Емаил.ozvizijakavadarci@yahoo.com; zrevizijakavadarci@yahoo.com

Организација на жени Tурчинки во Македонија – ДЕРЈА

Нашата работа:

1. Вршиме едукација за целата популација за човекови и малцински права
2. Вршиме едукација за женски права
3. Организираме едукативни работилници и семинари за насилство врз жената и семејно насилство
4. Организираме едукативни работилници за предвремено стапување во брак
5. Организираме едукативни работилници за жените од руралните средини на тема „ Жената и демократијата“

е-маил: deryamkd@mt.net.mk

Комора на психолози

КОМОРА НА ПСИХОЛОЗИТЕ НА РМ е самостојна, струкова и независна професионална организација на дипломираните психолози на територијата на Република Македонија. Комората се основа заради заштита и унапредување на психолошката дејност во Република Македонија Основни цели на Комората се: – Да ја претставува и развива психолошката дејност во Република Македонија (како образование,наука и професија) и да ја направи достапна, корисна и почитувана, вклучувајќи го тука и квалитетот на професијата согласно Законот за психолошка дејност и овој Статут; – Да им помага на психолозите во усовршувањето на нивната професија и во градењето на нивниот професионален идентитет и стручност, засновани врз заеднички вредности и цели, различност и мултијазичност, меѓусебна почит и соработка, мобилност и служење на општеството; – Да промовира дисеминација на знаењата од психологијата во Република Македонија, со конкретен придонес за развојот на социјалните политики во државата, како и да даде придонес во квалитетот на животот на граѓаните на Република Македонија.

Задачи на Комората се:
– Воспоставување и одржување на релации со надлежните државни органи и други организации, асоцијации и здруженија во Република Македонија, како и со соодветни организации и асоцијации од регионот и пошироко;
– Усогласување, генерирање и дисеминација на информации кои се однесуваат на психологијата и на состојбите кои се од значење за психологијата во Република Македонија;
– Развивање и споделување на модели и стандарди на образованието,науката и професионалната пракса во психологијата;
– Лиценцирање на квалификациите на психолозите во Р.Македонија.
– Воспоставување на контакти со медиумите со цел да се запознаат граѓаните и пошироката јавност со психолошката дејност, а заради нејзина презентација и афирмација на државно ниво;
– Организирање редовни конференции, семинари и средби на психолозите во Република Македонија со домашни и странски учесници;
– Организирање редовни конференции, семинари средби и обуки во Република Македонија со домашни и странски учесници од различни професии.

КОНТАКТ
Адреса ул.Лондонска 19, локал 8
Телефон +389 2 3074 203
Емаил komora.na.psiholozi@gmail.com
Веб https://komoranapsiholozi.mk/
Facebook: facebook.com/Комора на психолози на Р.Македонија/

Ромска асоцијација за жени и млади „Лулуди”

Ромска асоцијација за жени и млади „Лулуди” е невладина, доброволна, непрофитна,  непартиска и  независна  граѓанска организација која делува на територијата на Република Северна Македонија. Соработува со сите сродни организации на принципот на доброволност, рамноправност и меѓусебно почитување, не поддржува никаква партиска и политичка идеологија, никакво повикување на воена агресија и разгорување на национална, расна или верска омраза и нетрпеливост.

Мисија: Подобрување на статусот на жената Ромка и младите Роми во општеството и семејството, преку нивно целосно вклучување во општествените текови, а во соработка со други организации и институции на локално, национално и меѓународно ниво.

Визија: Жената Ромка е рамноправен член во општеството, носител и поттикнувач на социјални промени за одржливо живеење и промотор на вредностите на Ромската култура.

Општите цели и задачи на здружението е да создава услови и организиран настап за постојани активности на жените и младите, како и да ги следи, проучува и иницира прашањата што бараат опшествено разрешување, а непосредно се поврзани со унапредување на општествено-економската положба на жените и младите.

Контакт
Тел/факс: 02/61 61 187
Моб: 070/726 538
e-mail: luludi_sk@yahoo.com
Kанцеларија:
ул. Лазар Трповски бр.1/2-7, Скопје
Седиште на организацијата:
бул. Македонско Косовска Бригада бр.61, Скопје

Младински центар за еднакви можности

Контакт: тел. +389 (0)2 313 4390 е-маил: youth_ceo@yahoo.com

Организација на жени на општина Велес

Организацијата на жените на општина Велес е препознатлива во општина Велес како организација која ги обединува сите жени, без оглед на нивниот статус и етничка припадност. Организацијата има долгогодишно искуство во идентификација на сиромашните и ранливи групи, на кои се обидува да им овозможи заштита и поддршка.

Визија: Унапредување на еднаквоста меѓу половите

Мисија: Еднаквост меѓу половите, развој, мир

Основни цели:
Застапување и промоција на женските права, еднакви можности, учество на жените во сите сфери на општественото живеење, поттикнување на толеранцијата, дијалог и заштита на мирот, јакнење на жените во руралните средини, борба против секаков вид насилство, здравствена заштита, политичко јакнење на жените и негување на традицијата

Контакт
Адреса Алексо Демниевски-Бауман бр.7,1400 Велес
Емаил rksozmveles@yahoo.com

Организација на жени на општина Свети Николе

Идејата за формирање на здружението Организација на жените на општина Свети Николе беше поттикната од страна на жени-борци за човековите права, пред се борци за почитување и афирмирање на правата на жените. На локално ниво иницијативата ја покренаа 7 жени од општина Свети Николе кои се водат како основачи на Здружението, а врз основа на слободно здружување на граѓанките за остварување на нивните интереси и превземања на активности за подобрување на целокупната состојба пред се на жените во општеството, но и на децата и младите.

Организацијата е продолжување на поранешното женско движење во Македонија и дејствува како невладина, непрофитна и независна организација која како правен субјект постои со решение издадено од Основен суд Свети Николе од Декември 1990 година.

Мисија: ОЖОСВН активно работи за подобар квалитет на живот на граѓаните и граѓанките и почитување на човековите права со акцент на правата на жените и девојките.

Визија: ОЖОСВН е водечка сила на женското и граѓанското движење, која создава позитивни промени во општеството и придонесува за општа благосостојба на сите граѓани.

Во согласност со визијата и мисијата на организацијата продолжуваме да работиме на трите главни програми: Програма за човекови права со акцент на правата на жените, Програма за деца и млади и Здравствена програма, а со пофокусирани и специфични цели на делување.

Контакт
Адреса: ул. Ленинова 1-1/4, п.фах 13, 2220 Свети Николе
Тел: 032 444 620
Email: womsvetinikole@yahoo.com; info@womsvetinikole.org.mk
Web: www.womsvetinikole.org.mk
Facebook: https://www.facebook.com/womsvetinikole
Instagram: https://www.instagram.com/ozo_svnikole
Twitter: https://www.twitter.com/OWMSvN
Linkedin: https://www.linkedin.com/in/%D0%BE%D0%B6%D0%BE%D1%81%D0%B2%D0%BD-owmsvn-172963b3/
Skype: womor

Организација на жени на град Скопје – ОЖС

ОЖС е доброволно невладино здружение на граѓани која работи во полето на промоција и заштита на женските права и која раководи со 24 часа отворена национална СОС линија за жртви на семејно насилство.

Основни цели и задачи на организацијата се да создава услови и организиран настап на постојната активност на жените, како и да ги следи, проучува и иницира прашањата што бараат општествено разрешување, а понепосредно се поврзани со унапредување на општествено-економската положба на жените.

Нашата работа:
1. 24 часа отворена национална СОС линија за жртви на семејно насилство
2. Вршиме идентификација на семејното насилство
3. Обезбедуваме стручна помош на жртвите
4. Нудиме психо-социјална поддршка и јакнење на жртвата
5. Обезбедуваме сигурен и безбеден привремен престој
6. Ги упатуваме жртвите до останатите институции
7. Вршиме континуирана обука на волонтери за работа на СОС телефон

Контакт:
адреса: ул. 11 Октомври бр.17, 1000 Скопје П.Факс.850
Тел/Факс ++389-2-3164-815
е-меил: osz_skopje@mt.net.mk
15700 – Национална SOS линија за жртви на семејно насилство

Здружение Скај Плус-Струмица

Здружението Скај Плус Струмица е основано на основачкото собрание одржано на 3 март 2013 година.
Една од приоритетните цели е обезбедување на помош и поддршка на социјално ранливи групи на граѓани, подигање на свеста и псохолошка поддршка на социјално ранливи категории на граѓани.

Мисијата на ГЗ СКАЈ ПЛУС е семејства во ризик со цел да го подобри квалитетот на животот и да ја подигне свеста за граѓанска чувствителност, одговорност и посветеност на децата, семејствата и групите изложени на ризик или потенцијален ризик од негативни општествени феномени.

– Да се промовираат принципите и целите на Обединетите Нации, посебно оние од областа на социјално живеење
– Обезбедување на помош и поддршка на социјално ранливата категорија на граѓани
– Организирање на едукативни кампањи со цел на подигање на свеста на одредени целни социјални групи
– Психолошка поддршка на социјално ранливите категории на граѓани
– Директмно делува на маргинализираните групи на граѓани
– Инструменти на намалување на дискриминацијата на одредени целни групи на граѓани
– Организација и одржување на едукативни работилници и трибини за повеќе социјални проблеми со кои се соочуваат многу од маргинализираните целни групи
– Згрижување на одредена целна група во постоечките форми на заштита под компетентни институции во Општина Струмица
– Соработка со надлежните институции за постигање на цели
– Промоција на идеи и нформации со цел поголемо ангажирање на соодветните институции во помагање на социјално ранливи категории
– Заштита на правата на маргинализираните групи во Општина Струмица
– Соработка со здравствени установи за превенција
– Помагање на социјално ранливата група на граѓани за соодветно образовно воспитна дејност

Контакт
Телефон 078453190
Емаил skajplusstrumica@gmail.com

ТАКТ- Здружение за унапредување на меѓусебна доверба


Сектор на дејствување
– Добро Владеење
– Развој на граѓанското општество
– Жени и родови прашања
– Меѓуетнички односи
– Толеранција
– Култура
– Деца, младинци и студенти
– Животна средина и природни ресурси
– Образование, наука и истражувања

Контакт
Адреса Ул. Франклин Рузвелт 1/9, Скопје
Тел 078443498
Емаил spasovska.takt@gmail.com

Хелсиншки комитет за човекови права на Р. Македонија

Хелсиншкиот комитет за човекови права е здружение на граѓани регистрирано во 1994 година. Комитетот врши мониторинг на состојбата со човековите права, обезбедува правна помош, соработува со други организации и со државните органи во насока на зголемување на промоцијата, почитувањето и заштитата на човековите права и слободи.

Цел на Комитетот е заштита и унапредување на човековите права и слободи гарантирани со Уставот на СРМ, меѓународните инструменти и Завршниот документ од Хелсинки од 1975 година и градење на демократски услови во кои тие можат да се практикуваат врз основа на владеење на правото. Комитетот поаѓа од тоа дека сите луѓе треба да имаат можност да ги уживаат и практикуваат нивните основни права и слободи и да имаат можност да ги заштитат во случај на нивно прекршување или ограничување. Ова претставува основа на владеењето на правото, човековите права и демократијата.

Во настојувањето за унапредување и заштита на човековите права и хармонизирање на домашното законодавство и практика со она на Европската унија, Хелсиншкиот комитет: Организира системско набљудување на состојбите со човековите права во земјата; Обезбедува бесплатна правна помош и ги штити индивидуалните, колективните и правата на другите правни субјекти на територијата на Република Северна Македонија и пред меѓународни организации; Подготвува месечни, годишни и посебни извештаи за состојбата со човековите права; Подготвува анализи и други стручни документи поврзани со состојбите со човековите права; Организира конференции, семинари, трибини, јавни акции и други законски форми на граѓанска активност; Го промовира и помага развојот на демократијата, владеењето на правото и граѓанското општество, и врши други работи од јавен интерес согласно Законот за здруженија на граѓани.

Визија: Сите луѓе треба да имаат можност да ги практикуваат нивните базични права и слободи и да имаат можност да ги заштитат во случај на нивно прекршување или ограничување. Ова претставува основа на демократскиот развој и гаранција на мирот на национално, регионално и светско ниво.

Контакт:
тел. +389 2 3119 073
тел. +389 2 3290 469
веб страна: www.mhc.org.mk
е-маил: helkom@mhc.org.mk