ШЕЛТЕР И СОС ЛИНИЈА

Организација на жените на град Скопје – ОЖС- поседува сопствен шелтер за жени и деца жртви на семејно насилство и С.О.С. –линија 15-700 за семејно насилство 24/7
Шелтерот за жртви на семејно насилство е од национален карактер, а тоа значи дека во него можат да бидат сместени жртви од целата територија на Република Македонија.

Во истиот се обезбедува сместување на жртвите во период до една година.
Шелтерот е пристапен 24 часа 365 дена.
Во шелтерот се обезбедуваат следниве услуги
– Проценка на состојбата и ризикот по здравјето и животот
– Првична психосоцијална помош и поддршка
– Безбедно сместување , храна,
средства за лична хигиена, лекарства,облека,обувки и играцки за деца
– Психосоцијален третман за ресоцијализација врз основа на индивидуален план за работа со жртви на семејно насилство
– Услугите во шелтер центарот се бесплатни за корисничките
– Услугите во шелтерот се нудат на македонски и албански јазик
– Шелтерот обезбедува услуги за корисничките без разлика на возраст, сексуална ориентација, јазик, религија национално етичко или социјално потекло.
– Придружба од ангажираните лица во шелтерот до социјални , здравствени и образовни институции согласно потребите на корисничките..

Шелтер центарот има 50м2 кој се состои од днева соба, кујна, бања, ходник и балкон. Потполно опремен со сите електрични апарати, мебел , гардаробери и санитарии.

Организација на Жените на град Скопје има и С.О.С. Национална линија 15-700 за жртви на семејно насилство. Линијата е отворена 1994 година и до ден денес работи 24/7.

На С.О.С. линијата работи тим едуцирани оераторки, волонтерки, чија цел е да го препознаат и разоткријат секој вид на насилство и да се справат со истото.

Тимот има поминато многу обуки и тренинзи за работа со жртви од семејно насилство.

Принципи на работата на С.О.С линијата
Анонимност
Доверливост
Солидарност
Транспарентност
Заштита на интегритетот

Операторката има обврска за доверливо работење на С:О:С линијата

Операторката има обврска да ги информира жртвите за нивните права, да упатува и по потреба да комуницира со надлежни институции( ЦСР, полициска станица, здравствени установи, образовни институции, невладини организации).

Секое јавување се евидентира во формулар за евиденција во пеатена или електронска форма. Пристап до документацијата имаат само лица кои кои работат на линијата.