Комфор зона за жени - Куманово
Комфор зона за жени е специјализирано советувалиште за жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство од Куманово, и околните рурални општини. Советувалиштето ги обезбедува следниве бесплатни услуги:
– советување за остварување социјални права;
– психолошко советување и индивидуална и/или групна психотерапија
– психолошко советување на деца;
– правна помош и поддршка;
– кариерно советување и ментроство за економско јакнење;
– упатување и придружба до релевантни институции и организации;
– психосоцијална поддршка во процесот на реинтеграција и рехабилитација;
Советувалиштето се наоѓа на Ул. Моша Пијаде бр.49 Во Куманово.
Работното време е од 09.00 до 16.00 часот, секој работен ден (понеделник – петок).
Телефон за контакт: 031/524-060