Женски Центри за поддршка
Женските центри за поддршка обезбедуваат бесплатни и доверливи услуги за помош и поддршка на жени и деца кои се справуваат со било која форма на родово базирано и семејно насилство, без разлика дали насилството се случува во моментот кога жената бара помош или пак се случило во минатото, но оставило последици и предизвици со кои жената тековно се справува.
Тимот на центрите се состои од социјална работничка, правна советничка, психолог и кариерна советничка.
Центрите обезбедуваат:
– Советување за остварување на социјални права;
– Психолошко советување и психотерапија, правна помош и поддршка;
– Упатување и придружување до институции и други организации;
– Кариерно советување и менторска поддршка за економско јакнење.
Националната мрежа раководи со четири советувалишта кои ги исполнуваат сите меѓународни стандарди.