Станица П.Е.Т. Прилеп - Правна и административна помош

Здружението СТАНИЦА ПЕТ е грас-рут организација фокусирана на правно зајакнување и пристап до правда за маргинализираните заедници, особено за ромските и руралните заедници во Северна Македонија. 

Здружението обезбедува правна и параправна помош и правна едукација, мобилизацијата на заедницата и застапување за справување со најитните прашања со кои се соочуваат корисниците. Тим се состои од правници, параправници и здравствени промотори во заедницата, кои работат заедно и заемно ги унапредуваат своите знаења и пракса.

Како грас-рут организација активностите се спроведуваат во канцеларијата на организацијата лоцирана во градот Прилеп, но и преку мобилни канцеларија кои патува низ три рурални области (Мариово, Кривогаштани и Долнени) како и преку онлајн /телефонска комуникација.

На ваков начин, годишно обезбедуваме околу 1200 услуги и ангажираме повеќе од 100 претставници од заедниците, различни групи и институции во активности на терен.
Исто така, посветени сме на олеснување и посредување во комуникацијата и соработката меѓу граѓаните и институциите на локално ниво, како и зголемување на граѓанското учество во процесите на донесување одлуки. 

Адреса:
ул. Прилепски бранители бр.24/1 – мезанин, 7500 Прилеп
тел.бр. 076/278-753
е-маил: stanicapet@gmail.com
https://www.stanicapet.org.mk 

https://www.facebook.com/stanicapet 

 

https://www.instagram.com/stanicapet/