Линија за родители

Националната линија за советување за позитивно родителство – Линија за родители обезбедува помош и поддршка на родителите и старателите во остварување на родителската улога преку практични совети како соодветно да одговорат на бихевиоралните и емоционалните потреби или промени кај детето од неговото раѓање до периодот на адолесценција, но и како адекватно да одговори на секојдневните предизвици.

Цел на линијата е да обезбеди помош во остварување на родителската улога, а со тоа и да обезбеди правилен развој на децата. Линијата за родители обезбедува анонимна, доверлива, бесплатна и лесно достапна помош и поддршка за сите родителите/старатели/згрижувачи и членови на семејството кои се вклучени во грижата и воспитувањето на детето/децата.

Линијата за родители ја сочинува една телефонска линија, која ја покрива целата територија на државата. На линијата работат обучени лица, по еден оператор/ка во смена кои ја гарантираат анонимноста и доверливоста на информациите.

Доколку сакате да разговарате со оператор/ка јавете се на 075 230 530, секој работен ден од 10.00 до 16.00 часот, или пишете ни на ФБ Профилот https://www.facebook.com/pozitivnoroditelstvo
или на е-маил: linijazaroditeli@gmail.com

Повеќе информации за Линијата за родители може да прочитате тука.