Поддршка во остварување на социјални права

Помош и поддршка во остварување на правата од социјална заштита обезбедува социјалната работничка која е ангажирана во Советувалиштето за жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство. По направениот иницијален разговор, социјалната работничка прави процена на моменталната состојба на жената и нејзините деца (доколку ги има), на нивните потреби и ја информира жената за можностите за остварување на права од социјална и здравствена заштита кои и следуваат.
По потреба, социјалната работничка ја придружува жртвата до други институции со цел остварување на права од социјална, детска и здравствена заштита. Исто така, социјалната работничка прави процена на степенот на образование и вештините на жртвата, и согласно процената, заедно со жртвата идентификува соодветни програми за унапредување на вештините и образованието. Дополнително, согласно постоечките мерки за вработување во Агенцијата за вработување на Р. Северна Македонија, социјалната работничка во соработка со кариерната советничка и помага на жртвата да најде вработување.
Жените кои преживеале насилство и се уште не го пријавиле, или пак го пријавиле во надлежните институции, но не добиле соодветна заштита, доколку се обратат во Советувалиштето, од страна на социјалната работничка ќе ги добијат сите потребни информации, како и придружба до институциите да го пријават насилството.

Ако сакате да закажете разговор со социјалната работничка, зависно од градот каде што живеете, јавете во еден од Женските центри за поддршка.