Центар за поддршка на жени на територијата на општините Радовиш и Kонче
Во рамките на Центарот за поддршка на жени на територијата на општините Радовиш и Kонче работи Психолошко советувалиште за жени жртви на родово базирано и семејно насилство.
Услугите кои се обезбедуваат во советувалиштето се наменети за жени и деца кои во моментот трпат насилство, биле жртви во минатото или се во ризик од идно насилство и се подготвени да работат на себе и на сопствениот развој за препознавање и напуштање на кругот на насилството.
Советувалиштето е доверливо место за жени кои имаат потреба од поддршка, анонимност, информации, советување поврзано со насилство врз жените.
Форми на работа:
- Индивидуални и групни консултации за жени
- Коресподенција по пат на е-маил, социјални мрежи, инстант чатови
- Емоционална и психолошка поддршка и планирање на сигурност
- Работа со деца преку игра
- Информирање со правата и начинот на остварување
Советувалиштето работи секој работен ден од понеделник до петок од 09.00 до 17.00 часот. Се наоѓа на Ул. Ул. 22 Октомври бб – Радовиш.
Контакт телефони: 032/630-635 и мобилен: 070/331-800
Е-маил адреса: sovetuvaliste@zenskaakcija-radovis.mk