Центар за помош и поддршка на жени жртви на родово-базирано и семејно насилство „Има помош“ – ISI ARKA.
На локално ниво, од септември 2023 година во општината Шуто Оризари е отворен Центар за помош и поддршка на жени жртви на родово-базирано и семејно насилство „Има помош“ – ISI ARKA. Ова е прв и единствен центар што ги нуди услугите за жртвите на родово-базирано и семејно насилство на ромски и на македонски јазик. Во некои ситуации ова е предуслов за да се охрабрат жените да се обратат во Центарот.
Центарот „ИСИ АРКА“ нуди психо-социјални услуги и поддршка на жени жртви на семејно и родово-базирано насилство.
Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари преку центарот за помош и поддршка на жени жртви на семејно насилство, има потпишано 10 меморандуми за соработка со: Министерство за труд и социјална политика, општина Шуто Оризари, градинка, невладини организации.
Контакт
(адреса, телефон(и), емаил, социјални медиуми)
Хаџи Јован Шишко
бр. 15 , 1.000 Скопје
070 385 831 / inicijativanazeni.sutoorizari@gmail.com
Социјални медиуми
https://zenisutoorizari.org.mk/