Кризен центар Надеж
Кризен центар Надеж- СОС линија и Кризен центар
Услугите кои ги нуди КЦ „Надеж“ се: Национална СОС линија со број 15-315, достапна 24/7, од сите мобилни и фиксни оператори во Република Северна Македонија, каде што, сите што се соочуваат со проблемот насилство во семејството може да добијат соодветна стручна помош, поддршка и упатување.
КЦ „Надеж“ исто така нуди и кризно згрижување на жени – жртви на семејно насилство, кога е загрозен нивниот живот и здравје и/или животот и здравјето на нивните деца за период од 24-48 часа. Во текот на престојот во КЦ „Надеж“, згрижените лица добиваат психолошка и психо-социјална поддршка, правно советување и подготовка на безбедносни планови, како и комуникација со релевантните институции за обезбедување целосна заштита на жртвите.