Извршна канцеларија

Елена Димушевска

Извршна директорка

Дел е од Националната мрежа од нејзиното формирање во 2010 година како координаторка. На позицијата извршна директорка е од 2011 година кога Мрежата се регистрира како правен субјект. Дипломски студии завршува на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје – Институт за психологија. Дополнително има завршено едукации за психотерапија со кои станува сертифициран психотерапевт – психодраматичар и семеен советник.

Во граѓанскиот сектор се вклучува во 2008 година како давателка на услуги за жени жртви на семејно насилство, т.е. индивидуално и групно советување и психотерапија, како дел од тимот на Македонскиот Центар за женски права – Шелтер центар Скопје. Покрај директната работа со жени жртви на насилство, работи на многубројни истражувања и анализи, авторка е на повеќе публикации од областа на насилство врз жените и родовата еднаквост, членува на повеќе работни групи за креирање на законска регулатива поврзана со насилство врз жени и семејно насилство. Член е на Националното координативно тело за насилство врз жени и семејно насилство.

Силвана Ивановска

Менаџерка за финансии

Ангажирана е во Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство од 2018 година и задолжена за управување со целокупното финансиско работење на организацијата, вклучително и проектните буџети. Своето искуство го има надоградено преку работењето на проекти кои ги имплементирани канцеларијата на Мрежата. Има повеќегодишно претходно работното искуство во невладиниот сектор (Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници). Присуствувала на голем број обуки за финансиско и административно работење и менаџмент организирани од други организации и како дел од приватниот сектор.

Додипломските студии ги завршува на Филолошки факултет при Универзитет Св. Кирил и Методиј, на Катедрата за англиски јазик и книжевност и одлично го владее англискиот јазик. Работи и како преведувач од македонски на англиски јазик и обратно

Маја Балша

Проектна координаторка

Во областа на насилство врз жени и семејно насилство работи од 2013г. почнувајќи како Менаџерка/Социјална работничка во Прв семеен центар на Град Скопје, и продолжувајќи како проектна координаторка во програмата за родово базирано насилство во ХЕРА. Своето професионално искуство го базира на директната работа со жени и деца жртви на насилство како давателка на услуги, истражувачка и авторка на повеќе публикации од област на насилство врз жени и родова еднаквост, членка на повеќе работни групи за креирање и донесување на законска регулатива поврзана со насилство врз жени и семејно насилство, и повеќегодишна работа во застапување и соработка со релевантни институции на локално и национално ниво.

Магистерските студии ги заврши на Универзитет во Загреб во областа на „Психосоцијален пристап во социјална работа“, а додипломските студии ги заврши во Скопје како Дипломиран Социјален работник на Институтот за социјална работа и социјална политика при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Ана Аврамоска Нушкова

Проектна координаторка

Дел од тимот на извршната канцеларија на Мрежата е од почетокот на 2019 година на позиција проектна асистентка. Дополнително е ангажирана и како правна советничка за обезбедување директна помош и поддршка на жени жртви на насилство и семејно насилство. Од почетокот на 2020 ја превзема улогата на проектна координаторка. Вклучена е во истражувања, анализи, мониторинг извештаи кои ги спроведува канцеларијата, и е авторка на неколку публикации од областа на насилство врз жени и семејно насилство

Во невладин сектор е вклучена од почетокот на 2017 година како правна советничка во Младинскиот Центар ,,Сакам да знам”-ХЕРА во општина Шуто Оризари каде обезбедува помош, поддршка, правно советување и информирање на маргинализирани заедници, со посебен фокус на жени Ромки и заштита на нивните сексуални и репродуктивни права, како и социјални и здравствени права. Дополнително работи и на заштита и превенција од дискриминација на жените Ромки при пристапот до здравствени услуги.

По професија е дипломиран правник на Универзитетот Св.Кирил и Методија-Јустинијан Први во Скопје со положен правосуден испит. Има учествувано во многу обуки и семинари поврзани со темите родова еднаквост, дискриминација и родово базирано насилство.