Прва обука со локални женски граѓански организации – грантисти

Во Декември 2024г. се одржа првата обука од трите планирани за селектираните организации грантисти во рамките на проектот “СЕ ГРИЖИМЕ: Заедно се бориме против сексуалното и родовото насилство“, финансиран од Европската Унија.

Имено, како дел од активностите за јакнење на капацитетите на локални женски граѓански организации, преку јавен повик, избрани се 6 организации кои во текот на 18 месеци се поддржани со грант за имплантација на индивидуални проекти. Избраните организации се: Здружение на психолози, психотерапевти и советувачи „КОРТЕКС“ Тетово; Центар за Еднакви Можности „Бубамара“ – Гостивар; Рурална коалиција – Кичево; Здружение за развој и активизам „АКВА“ – Струга; Спорт Соушал Солушнс, и Здружение за правна едукација и транспарентност Станица ПЕТ Прилеп.

Со цел унапредување на знаењата и вештините на организациите, првата обука беше на тема: Раководење со проекти, финансии и административно работење, и истата траеше 3 дена, односно 16, 17 и 18 Декември. На обуката учествуваа претставници од сите организации грантисти кои заедно со тимот на Националната мрежа работеа на тоа како најуспешно да ги имплементираат нивните проекти на локално ниво, за да се добие значаен импакт во овие локални заедници.

За овие организации се предвидени и дополнителни обуки во рамките на проектот, кои ќе бидат организирани на почетокот на 2025г. а се однесуваат на вештините за застапување и продлабочени знаења за родово базирано и сексуално насилство.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Конкурс за вработување – Финансиски/а координатор/ка во Извршната канцеларија на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за вработување на Финансиски/а координатор/ка во Извршната канцеларија на определено време во период од 2 (две)