Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија.

Опис на позицијата и работни задачи:

Проектниот/ата координатор/ка е одговорен/на за:

  • целосна координација и спроведување на проекти;
  • техничка и логистичка поддршка на сите аспекти на проекти;
  • спроведување на процес на субгрантирање локални женски организации;
  • координација и соработка со внатрешни и надворешни експерти, ангажирани за потребите на проектите;
  • организација и учество на состаноци со релевантни чинители на регионално, национално и локално ниво;
  • организирање и логистика на обуки за професионалци  од релевантни институции и граѓански организации на локално ниво;
  • организација и логистика на состаноци со партнери на национално ниво;
  • координација на кампања за видливост на социјални медиуми, координација и соработка за подготовка на визуелни материјали со ангажирани лица;
  • подготовка на извештаи, пропратни документи и документирање на средствата за верификација на спроведените активности и индикатори;
  • следење на буџетското трошење за да се обезбеди ефикасност на проектните буџети;
  • следење објави и известувања во медиумите во врска со насилство врз жени и деца и семејно насилство;
  • следење објави за предлог проекти и подготовка на нови проектни апликации;
  • извршување други задачи во согласност со потребите на организацијата.

Критериуми за избор:

  • Завршено високо образование;
  • Напредни познавања на работа со компјутери (Microsoft office);
  • Најмалку 3 години работно искуство во граѓански сектор и во раководење на проекти;
  • Одлични  познавања на македонскиот и англискиот јазик;
  • Изградени способности за тимска работа;
  • Добро изградени организациски и комуникациски вештини;
  • Кандидати/тки кои се динамични и самоиницијативи.

За предност ќе се смета:

  • познавања или искуство од областа на работа со маргинализирани групи, родово базирано и семејно насилство врз жени и деца, човекови права, познавање на меѓународна и национална легислатива поврзанa со насилството врз жени и деца и семејно насилство;
  • искуство во застапување и работа со релевантни чинители на национално и регионално ниво;
  • образование во некоја од овие области: социјална работа, психологија, хуманистички науки, право, или други сродни професии;

Потребни документи:

  • скенирана копија од дипломата за завршено образование;
  • кратка биографија на македонски јазик;
  • најмалку една препорака од претходните работни места.

Услови за позицијата:

Позицијата предвидува полно работно време од 40 часа неделно. Позицијата е на определено време и вклучува пробен период од 3 месеци. Висината на надоместокот се движи од 70 000 до 90 000 денари во бруто износ и ќе биде точно дефинирана во зависност од претходното искуство на кандидатот/ката. Позицијата е со физичко присуство во просториите на извршната канцеларија на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

Пријавување:

Заинтересираните кандидати/ки треба да ги испратат потребните документи по електронски пат на coordinator@glasprotivnasilstvo.org.mk најдоцна до 10.10.2026г. до полноќ со назнака „Конкурс за проектна кооринаторка“.

Кандидатите/ките кои нема да ги достават бараните документи нема да бидат разгледувани.

Само кандидати/ки кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската

ЈАВЕН ПОВИК за превод и лектура на анализа

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува јавен повик за ангажирање фирма или индивидуални преведувачи/лектори за превод и лектура на анализа на