Јавен повик за експерт/ка за подготовка на Стратешка рамка 2026–2030

Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство објавува јавен повик за ангажирање експерт/ка кој/која ќе ја подготви новата Стратешка рамка за периодот 2026–2030. Овој процес е дел од нашите континуирани напори за унапредување на системскиот одговор кон насилството врз жените и семејното насилство и за обезбедување одржливи, квалитетни и достапни специјализирани услуги.

Ангажманот ќе се реализира преку партиципативен процес со организациите членки и тимот на Мрежата, со цел да се развие практична и применлива рамка која ќе ги дефинира стратешките приоритети, резултати и насоки за развој во следните четири години.

Што опфаќа ангажманот?

Експертот/ката ќе работи на анализа на релевантни документи, консултации со тимот и Управниот одбор, подготовка на нацрт-верзии, фасилитација на дводневна стратешка работилница и финализирање на документот. Ангажманот опфаќа 12 работни дена во периодот од 1 август до 15 октомври 2026 година.

Кој може да аплицира?

Потребни се релевантно високо образование, најмалку пет години искуство во стратешко планирање и организациски развој, докажано искуство во подготовка на стратешки документи и силни аналитички, комуникациски и фасилитаторски вештини. Познавање на областа на женските права и родовата еднаквост се смета за значителна предност.

Надоместок и рок за пријавување

Надоместокот изнесува 200 евра бруто по работен ден, во денарска противвредност. Рок за пријавување: 29 јули 2026 година, до 23:59 часот.

Пријавите се доставуваат на: coordinator@glasprotivnasilstvo.org.mk Предмет: „Пријава – експерт/ка за Стратешка рамка 2026–2030“

Потребни документи:

  • CV
  • Листа на најмалку две релевантни референци
  • Пример или линк од претходно подготвена стратегија/рамка

Целиот јавен повик можете да го најдете тука.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската

ЈАВЕН ПОВИК за превод и лектура на анализа

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува јавен повик за ангажирање фирма или индивидуални преведувачи/лектори за превод и лектура на анализа на