Женски центар за поддршка – Скопје
Во рамките на Женскиот центар за поддршка – Скопје, во текот на 2022г. биле обезбедени вкупно 1225 услуги за 355 жени жртви на насилство и 27 деца.
Од обезбедените услуги, 752 услуги биле дадени од социјалните работнички кои вклучуваат: советување за остварување на социјални права, упатување, придружба и застапување пред релевантни институции и други граѓански организации.
168 услуги се обезбедени од психолог/ психотерапевтка, кои биле во форма на индивидуално и групно советување.
Во однос на правната помош и поддршка, правната советничка обезбедила 305 услуги кои вклучуваат правно информирање, упатување до друга институција и писмени поднесоци. Дополнително, обезбедени се 14 адвокатски застапувања во надлежните судови.
Во текот на 2022 се обезбедуваше и услугата кариерно советување, каде кариерната советничка обезбедила 66 услуги на 32 жени кориснички. Дополнително спроведени се 17 обуки за меки вештини и економско јакнење за 32 жени од Скопје. Повеќе детали за овие обуки може да најдете на овој линк.
Женски центар за поддршка – Тетово
Во рамките на Женскиот центар за поддршка – Тетово, во текот на 2022г. биле обезбедени вкупно 618 услуги за 172 жени жртви на насилство и 14 деца.
Од обезбедените услуги, 432 услуги били дадени од социјалната работничка кои вклучуваат: советување за остварување на социјални права, упатување, придружба и застапување пред релевантни институции и други граѓански организации.
186 услуги се обезбедени од психолог/ психотерапевтка, кои биле во форма на индивидуално и групно советување.
Во текот на 2022 се обезбедуваше и услугата кариерно советување, каде кариерната советничка обезбедила 23 услуги на 11 жени кориснички. Дополнително спроведени се 10 обуки за меки вештини и економско јагнење за 15 жени од Тетово. Повеќе детали за овие обуки може да најдете на овој линк.
Во двата центри најмногу било пријавувано психичкото и физичкото насилство, каде секоја од корисничките изјавила дека се справува и со физичко и со психичко насилство. Кај 13 кориснички, дополнително е идентификувано и економско насилство, а кај 6 кориснички и демнење. 4 кориснички биле жртви на силување во брак, и 2 силување од непознат сторител.
Поддржано домување за жени жртви на РБН и СН
Во 2022г. со поддршка на Град Скопје, услугата поддржано домување за жени жртви на РБН и СН кои ја напуштиле насилната средина ја пилотиравме во нов модел, односно поддржано домување во индивидуални живеалишта. Овој модел се разликува од претходниот, односно Куќата за отворено домување, каде повеќе жени кориснички добиваат домување во заедница, односно куќа со посебни простории за спиење, а заеднички простории за дневен престој, кујна и бања. Моделот на поддржано домување во индивидуални живеалишта обезбедува домување во посебни живеалишта кои се изнајмени, најчесто индивидуални станови. За корисничката и нејзините деца (доколку ги има) покриени се трошоците за изнајмување, режиски трошоци, како и трошоци за храна и хигиенски производи. Дополнително, во рамките на Женските центри за поддршка, кориснички ги добиваат сите услуги како советување за социјални права, правна помош и поддршка, придружба, психолошко советување/психотерапија и кариерно советување.
Во текот на 2022г. обезбедено е поддржано домување за 4 жени и 9 деца. За сите нив се обезбедени ваучери за храна и хигиенски производи.