Работилници и обуки за личен раст и развој и професионално усовршување

Во рамките на Женските центри за поддршка во Скопје и Тетово, од нивното отворање се обезбедува услугата за кариерно советување и обуки и работилници за економско јакнење и меки вештини на корисничките на центрите.

Во првата половина на 2022г. освен индивидуалните сесии за кариерно советување, беа спроведени и 17 обуки за 94 жени од Скопје и 10 обуки за 15 жени од Тетово. Обуките беа на различни теми, кои беа организирани во циклуси од работилници од поврзани области.

Првиот циклус на работилници беше за Личен раст и развој и се состоеше од 3 работилници на следниве теми: себеспознавање, комуникација и ефективна комуникација со други. Овие работилници беа спроведени во Скопје каде фасилитатор беше кариерната советничка Катерина Златановска Попова. Следниот циклус за Личен раст и развој се спроведе во Тетово и беше воден од психолозите Сема Халили и Билјана Радичевска, а се состоеше од следниве теми: себеспознавање, стилови на партнерски релации, самосаботажа, самоподдршка и самодоверба.

Понатаму беа организирани неколку обуки за професионално усовршување од кариерната советничка Катерина Златановска Попова, кои ги опфатија темите: прилагодивост и справување со промени, емоционална интелигенција и женско претприемништво. Беше организиран и нов циклус работилници за Личен раст и развој на гореспоменатите теми.

Во понатамошната работа беа организирани и обуки на тема Критично размислување и решавање проблеми.

Овие активности беа спроведени со поддршка на Балканскиот Фонд за Демократија и Норвешката амбасада во Белград.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Загрижувачки наоди на последниот Извештај на Европската комисија за Р. Северна Македонија (2023) во делот за фундаментални права

Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија, објавен на 8-ми Ноември 2023г., содржи низа загрижувачки наоди во повеќето поглавја. Особено важни се наодите и