Зачувување и заштита на менталното здравје на деца и адолесценти: Презентација на патоказ и решенија

На 14ти Март организиравме настан за презентација на финални документи поврзани со заштита и зачувување на менталното здравје кај деца и адолесценти во Р. Северна Македонија. Документите опфаќаат: Компаративна анализа на националното законодавството за заштита на децата поврзано со ментално здравје и психосоциајлна поддршка, споредено со меѓународни и ЕУ стандарди, Анализа на јазовите во услугите, капацитетите и потребите за ментално здравје и психосоцијална поддршка на децата во системот за детска и социјална заштита, вклучувајќи услуги за деца во ризик, семејства/негуватели и професионалци, и Патоказ за развој на услугите и капацитетите на системот за детска и социјална заштита.

Сите три документи се однесуваат на системот на социјална и детска заштита, и содржат наоди и препораки за тоа што постои и е достапно во Северна Македонија, а се однесува на менталното здравје на деца и адолесценти. Клучен документ е патоказот кој содржи конкретни чекори за следните 5 години наменети за сите чинители во системот, пред сè Министерството за труд и социјална политика, како и Министерството за здравство, Министерството за образование и наука, Министерството за правда, локалната самоуправа, како и граѓанскиот сектор.

Документите ги презентираа националните експертки Елена Димушевска, Неда Чаловска Димоска и Ана Попризова, а свое обраќање имаше и претставничката на УНИЦЕФ во Северна Македонија, Патриција ДиЏовани.

Патоказот беше поздравен од многубројните претставници на институциите и граѓанските организации, кои дополнително дадоа свој придонес во креирање и унапредување на документот.

Голема благодарност до сите учесници во овој процес, а особено Канцеларијата на УНИЦЕФ за целосната поддршка на овој проект.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската