Во 2020 година во Западен Балкан се евидентирани 55 фемициди од женските граѓански организации. Секоја 2-ра жена е убиена од нејзиниот партнер.Сите убиства на жени се случиле во заедничкиот дом. 65% од фемиците се случиле во урбана средина, а 35% во рурална средина.Секоја 3-та жена била убиена со огнено оружје.Во 20% од случаите претходно било пријавено насилство во институциите.Кривичниот Законик мора што поскоро да ги донесе измените со кои ФЕМИЦИДОТ ќе се регулира како кривично дело, и ќе биде јасно препознаено во кривичните постапки. #ИтнаИзменаНаКЗ#stopfemicide#СтопЗаУбиствоНаЖени.
Оваа активност се спроведува во рамките на проектот ,,Институционализирање на квалитетни сервиси за рехабилитација и интеграција на жени жртви на насилство” поддржан од Austrian Development Agency.
Видеото во целост може да го погледнете на следниот линк.







