Во текот на Ноември и Декември Националната мрежа организираше 3 панел-дискусии во 3 градови, кои се дел од серија вакви настани кои продолжуваат во 2025г. низ државата. Настаните на тема „Важноста на родовата еднаквост за спречување на насилството врз жени и девојчиња” се одржаа на 27-ми Ноември 2024г. во Кичево, 29-ти Ноември 2024г.во Скопје и 05-ти Декември 2024г. во Гостивар.
Концептот на овие панел-дискусии е фокусиран на различните аспекти на родовата еднаквост и како тие влијаат врз родово базираното и семејното насилство. Поради тоа, самите панели имаа повеќе говорнички кои зборуваат за одреден аспект кој е во нивната експертиза. Па така, панелистки беа: Ана Бојчевска Митреска и Ирина Јолевска (Реактор) кои зборуваа за родовиот јаз во плати, Уранија Пировска (Хелсиншки комитет) која зборуваше за работничките права на жените, Лилјана Јоноски (Рурална коалиција) и Билјана Петровска Митревска (Национална федерација на фармери) зборуваа за предизвиците на руралните жени, Александра Иловска (Паблик) и Климентина Илиевски (Паблик) кои зборуваа за социјалното менторство и економското јакнење на ранливи жени, Билјана Дуковска (Македонска платформа против сиромаштија) ја опфати темата на женска сиромаштија, и Ана Аврамоска Нушкова и Елена Димушевска од Националната мрежа кои зборуваат за родово базираното насилство и родовата еднаквост.
Настаните беа посетени од локалните институции и организации, како граѓаните, каде се развија плодни дискусии по овие прашања што укажува на тоа дека локално многу малку се организираат вакви настани каде може да се споделат и чујат мислења и информации за родовата еднаквост.
Овие активности се дел од регионалниот проект „Во одбрана на правото да бидам ЈАС“ што се спроведува во Северна Македонија и Косово, финансиран од француското Министерство за Европа и надворешни работи.
Фотографии од панел-дискусија во Кичево (27.11.2024г.)
Фотографии од панел-дискусија во Скопје (29.11.2024г.)
Фотографии од панел-дискусија во Гостивар (05.12.2024г.)