Црвена линија – правата на жените не се за преговарање

Овој 8-ми Март (2024), стотици жени и мажи маршираа заедно на улиците на Скопје во чест на Меѓународниот ден за економска, политичка и општествена борба за рамноправноста на жените. Организиран од Платформата за родова еднаквост, овој марш не беше само прилика да се изрази поддршка за женските права, туку и акт на протест против сите форми на негрижа, насилство и нерамноправност кон жените и девојките.

Под слоганот „Црвена линија – правата на жените не се за преговарање“, маршот беше предупредување за политичките чинители во предизборниот период, период кога се водат интензивни политички, економски и социјални преговори, дека граѓанските организации будно ја следат ситуацијата и дека нема да дозволат регресија на женските права. Од плоштадот Скендербег до паркот Жена-борец, учесниците маршираа носејќи плакати, извикувајќи пароли и барајќи ја правдата на улица. На две места – пред Владата и пред Собранието – беше поставена симболична црвена линија од платно на која секој можеше да си остави своја порака до институциите и до јавноста. На стартната и на крајната точка на маршот го прочитавме и прогласот во кој ги наведовме нашите 8 црвени линии за 8-ми Март:

  1. Мое тело, мој избор.
  2. Еднакви плати меѓу мажите и жените и вреднуван домашен труд на секоја жена.
  3. Општество кое препознава фемицид.
  4. Работнички права за жените во независниот културен сектор.
  5. 50% жени на раководни позиции.
  6. Платено породилно отсуство за секоја земјоделка.
  7. Нула невработени жени поради недостаток од градинки.
  8. Нула заминати млади поради мито и корупција.

Поаѓајќи од националниот контекст, учесниците на маршот го изразија своето незадоволство со состојбата на жените и девојките во Северна Македонија, но изразија и солидарност со поголемата регионална и глобална борба за слобода, а особено со жените во Палестина кои се соочуваат со вооружени напади, етничко чистење и геноцид. Сестрите и соборките од Загреб, Сараево, Белград, Приштина, Подгорица, Тирана и Љубљана ни послужија како инспирација, па го збогативме маршот и со нивните слогани.

Маршот за женските права не е само една обична осмомартовска акција, туку дел од постојната борба за рамноправност и правда која го обединува не само регионот, туку и целиот свет. Борбата продолжува – во канцелариите, институциите, медиумите, организациите – и, секако, на улица.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Јавен повик за суб-грантирање на женски граѓански организации Бр. 01/03/25

Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, во рамките на проектот „Институционализирање на квалитетни услуги за рехабилитација и реинтеграција на жртви од насилство II“

Унапредување на услугите за жртвите на сексуално насилство и силување – прва средба на Работната група

На 13 март, се одржа првата средба на Работната група формирана од Министерството за здравство која ќе работи унапредување и имплементација на стандардната оперативна процедура

Јавен повик за истражувачки

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство во рамките на проектот „Институционализирање на квалитетни услуги за рехабилитација и реинтеграција за жени жртви на