Сумарен мониторинг извештај за напредокот на Република Северна Македонија при спроведување на Националниот акциски план за имплементација на Истанбулската конвенција за период од октомври 2018-декември 2021 година

На 14 јули во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање на Министерството за труд и социјална политика, се одржа работна средба на која присуствуваа претставници на институциите, меѓународните и граѓански организации, со цел презентација на сумарниот мониторинг извештај за напредокот на државата при спроведување на Националниот акциски план за имплементација на Истанбулската конвенција.

Сумарниот извештај го подготви тимот на Националната Мрежа против насилство врз жените и семејно насилство и го опфаќа период од октомври 2018 до мај 2022 година. На овој извештај претходеа два други, за кои беа организирани средби за презентација на наоди и препораки.

Како и претходните извештаи, така и овој,  упатува на итно ревидирање на НАП-от со цел поуспешна имплементација на Истанбулската Конвенција. Имено, ревидирањето првично треба да се однесува на предвидените рокови во НАП-от за имплементација на планираните активности во насока на поставување нови кои ќе бидат реални и остварливи, како и на ревидирање на самите активности и додавање на нови согласно новонастанатите ситуации. Дополнување на индикаторите со нови кои ќе го мерат и квалитетот на спроведената активност, наместо досегашните кои се  квантитативни и не даваат корисна информации за успешноста во спроведување на активностите.

Една од препораките се однесува на надлежните министерства/институции, односно алоцирање финансиски средства за имплементација на активностите,  бидејќи наведените извори на финансирање ја даваат само основата, но не прикажуваат конкретна сума на предвидени и одвоени средства за  спроведување на активностите. Неопходно е финансиските средства кои ќе ги алоцираат министерствата, да бидат јасно видливи и во целокупниот буџет на конкретното министерство/институција со цел овозможување на следење на трошоците поврзани со имплементација на активностите предвидени во НАП-от.

Оваа активност е во рамките на проектот „На пат кон ЕУ: Спречување на насилството врз жените во Република Северна Македонија“ финансиран од Фондацијата The Kvinna till Kvinna Foundation, имплементиран од Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости