Студиска посета на организации и фондации во Белград

Размена на искуства за поддршка на женски локални организации

Во периодот од 11 до 14 октомври, тимот на Националната мрежа беше на студиска посета во Белград, Република Србија.  Целта на студиската посета беше да се разменат искуства и знаење преку запознавање со работата на други организации и фондации од регионот кои даваат финансиска поддршка на локални женски организации.

Во текот на посетата имавме состаноци Реконструкција женски фонд и со Траг Фондација  кои ги презентираа програмите преку кои обезбедуваат финансиска поддршка за локални женски организации. Покрај целта на програмите, не запознаа и со критериумите за одобрување на поддршката, односно кои организации се апликативни за различните програми со кои раководат. Тимовите на двете фондации, со нас ги споделија и главните предизвици со кои се соочуваат, како и начините на кои ги надминуваат, особено во контекст на мониторирање на раководењето и реализацијата на проектните активности, како и финансиско известување.

Со Траг Фондација разговаравме и разменивме искуство за начините на функционирање на нивниот Донациски Фонд и нашиот Женски Интервентен Фонд како и начинот на функционирање на онлајн Платформата чија цел е обединување на женското движење. Од студиската посета исто така увидовме колку е важна размената на информации посебно користејќи ги дигиталните алатки кои ни се на располагање со модерната технологија.

Оваа активност е поддржана од Шведската Фондација Квина тил Квина во рамките на проектот ,,На патот кон ЕУ: Спречување на  насилство врз жените во Република Северна Македонија” кој го имплементира Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости