Собрани 139.000 денари за Интервентниот Женски Фонд на овогодишниот Донаторски кружок

Нашата организација беше дел од овогодинешниот, трет по ред Донаторски Кружок кој се одржа на 9 јуни 2022г. Оваа година освен нашата организација на Донаторскиот кружок се претставија и Здружението за култура и уметност „Колектив Ветерница“ како и Центар за младински активизам „Крик“.

Од срце им бладодариме на организаторите на Донаторскиот кружок, Здружението на граѓани „Конект“ кои оваа година ja избраа нашата организација да биде дел од овој настан и овозможија да се соберат средства во износ од 139.000, денари коишто се наменети за корисничките на Женскиот Интервентен Фонд.

Им благодариме и на оние коишто донираа и на тој начин помогнаа поголем број на жени да имаат можност да ја напуштат насилната средина.

Настанот се организира во рамки на проектот „Партнерства за донирање“ спроведуван од Здружението на граѓани Конект“ а поддржан од Канцеларијата на „УСАИД“ во Република Северна Македонија.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости