Серија бесплатни работилници – Кој е мојот потенцијал?

Во текот на Април, Мај и Јуни спроведовме низа бесплатни работилници за економско јакнење и личен развој на жени и девојки од Скопје, Тетово, Куманово и Битола. Како и досега, работилниците ги осмисли и спроведе нашата Катерина Златановска Попова, кариерна советничка и обучувачка за меки вештини.

88 жени и девојки беа дел од 8 работилници, насловени со „Кој е мојот потенцијал?“ и дел за женско претприемништво. Во рамките на работилниците учесничките можеа да научат нешто повеќе за техниките за поставување цели и нивна успешна реализација, процена на своите лични вештини и знаења, како и идентификација областите на кои им е потребно подобрување, потоа како да создадат личен развоен план, а најважно можеа да ги споделуваат своите искуства и идеа, и да добијат поддршка и инспирација од другите учесничките, креирајќи нови пријателства.

Оваа активност е дел од проектот „Економско јакнење и реинтеграција на жени жртви на родово базирано и семејно насилство“. Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Конкурс за вработување – Финансиски/а координатор/ка во Извршната канцеларија на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за вработување на Финансиски/а координатор/ка во Извршната канцеларија на определено време во период од 2 (две)