Регионална работна средба за справување со анти-родови движења во Северна Македонија и Косово

На 25.10.2024г. ја одржавме првата регионална работна средба на граѓански организации од С. Македонија и Косово. На средбата ги споделивме нашите искуства и погледи на анти-родовите движења во регионот. Зборувавме и за предизвиците со кои се соочуваат активист(к)ите за родова еднаквост и ЛГБТИ заедниците. Средбата ја отвори Амбасадорот на Франција во Скопје, неговата екселенција Кристоф Ле Риголе кој го претстави и регионалниот проект „Во одбрана на правото да бидам ЈАС“.

Во соработка со Амбасадата на Франција во Скопје и партнерските организации Stella Network (С. Македонија), и 3 организации од Косово: Фондација Јахјаgа (Jahjaga Foundation), Центар за еднаквост и слобода на ЛГБТИ заедницата во Косово (CEL Kosova) и Центар за социјален и групен развој (CSGD Kosovo), работиме на различни активности локално.

Разговаравме и споделивме вредни искуства и согледувања во врска со анти-родовите движења во Северна Македонија и регионот, особено како нивните стратегии ја уназадуваат состојбата на родовата еднаквост и борбата против родово базирано насилство, како и за нападите со кои се соочуваат во офлајн и онлајн просторот.

Н.Е. Кристоф ле Риголер, од Француската амбасада во Скопје Амбасада де Франс во Скопје ја препозна позитивната промена во политиката и законодавството во Северна Македонија во однос на родовото насилство и родовата еднаквост и ги поддржа активностите и заложбите во рамките на нашиот проект „Во одбрана на правото да бидам ЈАС“.

Оваа средба е дел од регионалниот проект „Во одбрана на правото да бидам ЈАС“ што се спроведува во Северна Македонија и Косово, финансиран од француското Министерство за Европа и надворешни работи.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската