Работна средба со Советот и Комисијата за еднакви можности на Општина Струмица

Во рамките на процесот на субгрантирање на локални женски организации, нашата членка Скај Плус од Струмица организираше работна средба Советот на Општина Струмица и Комисијата за еднакви можности, на која беа презентирани наодите и препораките од анализата за Потребните на жени жртви на насилство во Струмица. Средбата се одржа во декември 2021г. во рамките на кампањата 16 дена активизам.

Учесниците на работната средба поблиску се запознаа со фактичката состојба со родово базирано и семејно насилство во Струмица и околните населени места, како и со конкретните потреби на жените по напуштање на насилната средина. Исто така, се запознаа и со обврските на локалната самоуправа во воспоставување и одржување на локални услуги за реинтеграција и заштита на жени жртви на насилство.

Претставниците на Советот и комисијата за еднакви можности ја потврдија својата заложба за унапредување на состојбата со насилство на локално ниво, и изјавија дека ќе обезбедат финансиска поддршка за домување на жени жртви на насилство по напуштање на засолниште, како и поддршка за советувалиште за жени и деца жртви на насилство. Дополнително, Општина Струмица продолжува со финансиска поддршка на засолништето за жени и деца жртви на насилство како и претходната година.

Оваа активност се спроведе во рамките на проектот „Институционализирање на квалитетни услуги за рехабилитација и интеграција на жртви од насилство“ поддржан од Австриската Агенција за развој (АДА).

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската