Работна средба со Градоначалникот на Општина Прилеп, како и претставници на Советот на општината – ЖГИ Клеа

Во ноември 2021г, како дел од процесот на субгратинрање на локални женски организации, ЖГИ Клеа организирање работна средба со Градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески,  непосредно по завршувањето на локалните озбори и изборот на нов градоначалник. На средбата беше присутен и Претседателот на Советот на Општината, Дејан Проданоски, како и поголемиот број членови на Советот на Општината како и Комисијата за еднакви можности на жените и мажите.

Дополнително, беа вклучени и локалните институции со претставници од ЈУ Центар за социјална работа – Прилеп, Центарот за вработување во Прилеп и локални граѓански организации.

Имено, ЖГИ Клеа работеше локално во Прилеп и локалните населени места, и изработи анализа на Потребите на жени жртви на насилство кои ја напуштиле насилната средина, која беше презентирана на работната средба. Освен наодите и заклучоците од анализата, беа презентирани препораките кои се дефинирани за Општина Прилеп, но и обврските на локалната самоуправа кои произлегуваат од Законот за заштита и спречување на насилство врз жените и семејно насилство. Препораките ја истакнуваат потребата од воспоставување локални услуги за реинтеграција и рехабилитација на жртви, со цел прекинување на кругот на насилството и превенција на идно насилство, но и спречување на ризиците од сиромаштија и бездомништво кај жртвите и нивните деца.

Оваа активност се спроведе во рамките на проектот „Институционализирање на квалитетни услуги за рехабилитација и интеграција на жртви од насилство“ поддржан од Австриската Агенција за развој (АДА).

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската