Промоција на услугите кои ги пружа Женскиот центар за поддршка – Скопје

Во периодот Февруари – Март 2022г. Тимот на Женски Центар за Поддршка – Скопје, одржа 3 средби за промоција на Женскиот центар, каде учесниците имаат можност да се запознаат со специјализираните услуги кои центарот го нуди за жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство.

На 28 Февруари 2022г. се одржа првата средба која беше наменета за претставници на граѓанските организации кои обезбедуваат специјализирани услуги за жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство, или пак работат со ранливи категории жени на кои би им биле потребни услугите кои Центарот ги нуди.

На 3ти март 2022г се одржа промотивна средба со претставници на општините на територија на Град Скопје. Претставниците на општините добија информации за услугите кои Центарот ги нуди, како и промотивни материјали кои можат да ги споделат со граѓаните кои се обраќаат во просториите на општините за некој вид на помош.

На 7ми март се одржа последната промотивна средба на кој присуствуваа претставници од државните институции со кои Женскиот центар потесно соработува при справување со случаи на родово базирано и семејно насилство, а тоа се ЈУ меѓуопштински центар за социјална работа Скопје, инспекторките за семејно насилство од СВР Скопје, како и претставници на Клиничкиот центар Мајка  Тереза во Скопје.

 На сите 3 средби беа презентирани можностите за упатување во Женскиот центар, услугите кои ги обезбедува социјалната работничка, правната советничка, психологот, како и кариерната советничка. Беа споделени информативни и промотивни материјали со контакти од центарот за полесно упатување на корисничките.

Оваа активност се спроведе во рамките на проектот „Советувалишта за жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство во Скопје и Тетово“, поддржан од Балканскиот Фонд за Демократија, проект на Германскиот Маршал фонд на Соединетите држави и Кралската амбасада на Норвешка во Белград.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости