Советувалиште за жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство – Женски центар за поддршка – Скопје

Донатор: Град Скопје

Општа цел: Да се обезбедат долготрајни специјализирани услуги за жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство за сеопфатна помош и поддршка на оваа ранлива категорија во Градот Скопје.

Специфични цели: Да се унапреди пристапот до психосоцијално советување и поддршка за жени и деца жртви на насилство со цел надминување на траумите и предизвиците од преживеаното насилство;  Да се обезбеди помош при вработување и економско јакнење на жени жртви на родово базирано и семејно насилство со цел полесно вработување на работни места со стабилен и соодветен приход за постигнување на економска независност на жртвите; Да се намали ризикот од идно насилство преку економско и психолошко јакнење на жените жртви и нивно осамостојување и целосна интеграција како активни членови на општеството

Времетраење: Јуни – Декември 2023

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn