Насилство врз жените како приоритет во националните институции

Донатор: Институт за европска политика (ЕПИ) – Скопје/ Европска Унија

Цел: Приоретизирање на прашањето на насилство врз жени и деца преку формирање на интерпарламентарна група која ќе се залага за целосно усогласување на националното законодавство со Истанбулската конвенција и соодветна примена на постоечките законски решенија во насока на промоција и заштита на правата на жените и децата жртви на насилство.

Активности: Подготовка на извештај за усогласеност и примена на националното законодавство со Истанбулската конвенција; Презентација на Извештај за усогласеност и примена на националното законодавство со Истанбулската конвенција; Градење на капацитети на пратениците и пратеничките во Собранието на Р. Северна Македонија; Вмрежување на граѓанските организации кои работат на човекови права.

Проектот се спроведува во рамките на грантовата шема „Човековите права во практиката“ се спроведува во рамките на проектот „Заедничка акција за човекови права“, кој го спроведува ЕПИ, а е финансиран од Европската Унија.

Времетраење: Јули 2023 – Март 2024

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn