Донатор: Национален демократски институт (НДИ)
Цел: Главна цел на проектот е да се подготви извештај во сенка за имплементација на CEDAW во периодот 2017 – 2022 година. Подготвениот извештај во сенка ќе биде доставен до Комитетот на CEDAW и ќе се користи како алатка за застапување за иницирање на процесот на промени во националните закони и политики поврзани со ова прашање.
Во насока на поширока промоција на наодите и препораките од извештајот, ќе се спроведе кампања на социјалните мрежи и ќе се организира јавен настан на кој ќе бидат поканети сите релевантни национални и меѓународни институции и организации. Зголеменото учество на жените во политичкиот и јавниот живот и борбата против насилството врз жените во политиката се двете главни прашања кон кои ќе придонесат проектните активности.
Времетраење: Ноември 2022 – Август 2023