Советувалиште за жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство – Женски центар за поддршка – Битола

Донатор: Општина Битола

Општа цел: Да се обезбедат долготрајни специјализирани услуги за жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство за сеопфатна помош и поддршка на оваа ранлива категорија во Пелагонискиот регион.

Специфични цели: Да се унапреди пристапот до психосоцијално советување и поддршка за жени и деца жртви на насилство со цел надминување на траумите и предизвиците од преживеаното насилство;  Да се обезбеди помош при вработување и економско јакнење на жени жртви на родово базирано и семејно насилство со цел полесно вработување на работни места со стабилен и соодветен приход за постигнување на економска независност на жртвите; Да се намали ризикот од идно насилство преку економско и психолошко јакнење на жените жртви и нивно осамостојување и целосна интеграција како активни членови на општеството.

Времетраење: Декември 2022г. – Декември 2024г.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn