Донатор: Министерство за труд и социјална политика
Главната цел на овој проект е да се подобри пристапот до специјализирани сервиси за жени и деца жртви на насилство и семејно насилство на локално ниво. Специфичните цели на проектот се: да се спречи повторување на идно насилство кај жени жртви на насилство преку надминување на траумите и последиците од преживеаното насилство; да се овозможи економско јакнење и осамостојување на жени жртвите на насилство и семејно насилство; да се спречи трансгенерациското насилство преку надминување на траумите и последиците од преживеано или сведочено насилство кај деца кои биле директни или индиректни жртви на насилство и семејно насилство.
Времетраење: Јануари – Декември 2024г.


