Економскo јакнење и реинтеграција на жени жртви на родово базирано и семејно насилство

Донатор: Амбасадата на САД

Овој проект има за цел да создаде поволна средина за економски раст на жените жртви на родово базирано и семејно насилство и, да им помогне да ја напуштат насилната околина и да обезбедат стабилни приходи за себе и за своите деца. Ова ќе биде направено преку пилотирање на нов модел за економско зајакнување на жените жртви кој ќе биде вклучен во Водич како производ на овој проект.

Активностите вклучуваат „profile pass“ за 40 жени и работилници со жени жртви од Скопје, Велес, Кавадарци и Тетово за најмалку 120 жени. Профилот ќе ги идентификува личните вештини и аспирации на жените, а врз основа на овие наоди ќе се изберат темите на работилниците поврзани со работните вештини и женското претприемништво. Проектот ќе обезбеди и 2 мали грантови за 2 бизнис идеи од жени жртви избрани преку профил пропусницата, кои ќе бидат менторирани во времетраење од 6 месеци за да воспостават стабилен бизнис. Ќе биде развиен документ за јавни со унапредување на објавената анализа „Препораки за подобрување на можностите за вработување на жените жртви на семејно насилство (2020 година), која ќе се користи како алатка за застапување.

Времетраење: Октомври 2023 – Октомври 2024

Facebook
Twitter
LinkedIn