Советувалишни центри за жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство

Донатор: Balkan trust for democracy

Донатор: Balkan trust for democracy
Цел: Општата цел на овој проект е да се подобри пристапот до специјализирана поддршка за жени и деца жртви на насилство и семејно насилство на локално ниво. Воспоставување на 2 советувалишни центри за жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство во 2 различни градови во Северна Македонија: Скопје и Тетово ќе придонесат за подобар пристап до специјализирани услуги, што значи дека жените кои претрпеле насилство ќе добијат поддршка за надминување на траумата од насилството; помош при пријавување на насилството во институциите и правна помош за можна судска постапка. Жените жртви на родово базирано и семејно насилство исто така ќе добијат поддршка за остварување на нивните права од социјална заштита и помош за економско зајакнување преку обуки за вештини и кариерно советување.
Времетраење: Мај 2021 – Јули 2022

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn