Панел дискусија на тема „За другите (не) препознаени аспекти на насилството врз жените“

Во текот на 2022г. Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство заедно со млади истражувачки работеше на тематски извештаи поврзани со родово базираното насилство. Првиот извештај го опфаќа економското насилство како форма на родово базирано и семејно насилство, додека вториот ги опфати анти-родовите движења и нивното влијание врз насилство врз жените. Со цел презентација на 2-та тематски извештаи, но и важноста на овие две теми, на 15 Декември 2022г. организиравме настан со 2 панел дискусии.

На првата панел дискусија зборувавме за последиците од економското насилство, можните решенија на унапредување на економската (не)зависност, и важноста на реинтеграцијата на жените жртви на насилство како поврзани процеси. Говорнички во овој дел беа Тона Карова која го презентираше тематскиот извештај на тема „Економско насилство како форма на родово базирано насилство“, Наташа Димеска од Кабинетот на Министерката за труд и социјална политика, Маја Балша од Националната мрежа и Софија Георгиевска, експертка.

Во втората панел дискусија се задржавме на анти- родовите движења и нивното влијание врз насилството врз жените во нашата држава, како и влијанието на различни општествени актери во справување со анти-родовите движења. Сара Миленковска го презентираше тематскиот извештај за „Анти-родовите движења и родово базираното насилство“, а на панелот и се придружија и Санела Шкријељ, пратеничка во Собранието на Р.Северна Македонија, Бојан Јованоски од ХЕРА и Ивана Смилевска, новинарка од МОФ.

Оваа активност се спроведе во рамките на проектот На пат кон ЕУ: Спречување на насилството врз жените во Република Северна Македонија“ финансиран од Фондацијата „Kvinna till Kvinna“(The Kvinna till Kvina Fondation) и проектот ,,Институционализирање на квалитетни сервиси за рехабилитација и интеграција на жени жртви на насилство” подржано од Австриската Развојна Агенција (АДА).

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости