Отворен Женски Центар за поддршка во Битола

Отворен првиот Советувалишен центар за помош и поддршка на жени и деца жртви на семејно и родово базирано насилство во Битола

Денеска во Битола го отворивме првиот советувалишен центар за помош и поддршка на жени и деца кои се справуваат со родово базирано и семејно насилство – Женски Центар за поддршка Битола. Центарот е отворен со финансиска поддршка на општина Битола која од својот буџет одвои 1.000.000 денари за период од една година. Ова е првото специјализирано советувалиште за жени и деца жртви на насилство во Пелагонискиот регион кое обезбедува услуги за кориснички од општина Битола и околните општини.

Советувалишниот центар обезбедува бесплатни и доверливи услуги за помош и поддршка на жени и деца кои се справуваат со било која форма на родово базирано и семејно насилство, без разлика дали насилството се случува во моментот кога жената бара помош, или пак се случило во минатото, но оставило последици и предизвици со кои жената тековно се справува.

Центарот обезбедува советување за остварување на социјални права, психолошко советување и психотерапија, правна помош и поддршка, упатување и придружување до институции за пријавување на преживеаното насилство, како и кариерно советување и менторска поддршка за економско јакнење.

Работното време на советувалишниот центар е 08.00ч. до 16.00ч. секој работен ден.

Контакт: 075/ 393-626 и на  zenskicentarbitola@gmail.com.

Работата на советувалиштето може да ја следите на ФБ профилот на Женски Центар за поддршка-Битола.

Советувалиштето го носи називот „Женски центар за поддршка – Битола“ и е четврти  ваков центар со кој раководи Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, откако во 2021г. беа отворени Женските центри во Скопје и Тетово, и во септември 2022 во Кавадарци.

Повеќе информации за Женските центри за поддршка се достапни на овој линк.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската