Обука за давателки на услуги за поддршка на жени и деца жртви на насилство во советувалишен центар

Во рамките на проектот „Советувалишни центри за жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство“ се одржа првата обука за давателки на услуги кои ќе пружаат директни услуги на жени и деца жртви на насилство во специјализирани советувалишни центри. Имено, учесничките на обуката се ангажирани како давателки на услуги во советувалишните центри во Скопје и Тетово кои ќе бидат воспоставени во рамките на овој проект.

Обуката се одржа на 05, 06и 07ми Ноември 2021г. во Х. Скардус, попова Шапка, каде беа обучени 10 давателки на услуги од различни профили кои го сочинуваат тимот на советувалиштето: социјални работнички, правни советнички, психолози и психотерапевтки. Обучувачки беа Деспина Стојановска и Андромахи Наумовска кои го пренесоа своето знаење и искуство од долгогодишната работа со жени и деца жртви на насилство. Учесничките имаа можности да се запознаат со концептот на советувалишен центар и раководење со вакво советувалиште, како и пристапот во директна работа со жени и деца жртви, сензитивност во комуникација со оваа ранлива категорија, видови на насилство и круг на насилство, кризна интервенција и советување, како и трауми и работа на надминување на трауми по преживеаното насилство.

Оваа активност се спроведе со поддршка на Балканскиот фонд за демократија и Кралската амбасада на Норвешка во Белград.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Реакција: Платформата за родова еднаквост најостро го осудува говорот на омраза во предизборниот период

Пред почетокот на предизборната кампања за претстојните парламентарни и претседателски избори, Платформата за родова еднаквост ги повикува и партиите и нивните приврзаници да покажат демократски

Реакција: Личното и интимното е загрозено преку дигиталното родово-базираното насилство кое станува сè поопасно!

Злоупотребата и нарушувањето на личниот, интимен простор станува сè поизразено преку дигиталното родово-базирано насилство. Изразуваме особена загриженост и остро реагираме на последните родово-базирани напади во