Обука за даватели на услуги за поддршка на жени и деца

Во Велес одржавме обука за давателките на услуги за поддршка на жени и деца кои се справуваат со насилство во нашите советувалишни центри, Женските центри за поддршка во Скопје, Тетово, Битола и Кавадарци.

Тимовите на нашите центри за поддршка ги зајакнаа своите вештини преку практични вежби, поминувајќи низ темите за:

  • Постапување при случаи на родово базирано насилство и семејно насилство;
  • Индивидуален пристап со работа со жени жртви;
  • Kомуникација со корисничките на услуги;
  • Kризна интервенција и кризно советување.

Психолозите, социјалните работнички и правничките од центрите за поддршка имаа прилика преку конкретни случаи на родово базирано насилство и семејно насилство да работат во групи и ги усовршуваат своите вештини со цел да имаат професионален пристап кон корисничките на услуги.

Во следниот период ќе следува циклус на обуки за сите давателки на услуги од женските центри за поддршка.

Овој проект е финансиски поддржан од Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршал фонд на Соединетите држави и Кралската амбасада на Норвешка во Белград.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости