Женски центар за поддршка – Скопје
Во рамките на Женскиот центар за поддршка – Скопје, во текот на 2024г. биле обезбедени вкупно 1312 услуги за 265 жени жртви на насилство и 53 деца.
Од обезбедените услуги, 864 услуги биле дадени од социјална работничка кои вклучуваат: советување за остварување на социјални права, упатување, придружба и застапување пред релевантни институции и други граѓански организации. Психотерапевтките/психолозите обезбедиле 239 услуги за жени и деца жртви на РБН и СН. Во однос на правната помош и поддршка, правната советничка обезбедила 163 услуги кои вклучуваат правно информирање, упатување до друга институција и писмени поднесоци. Дополнително, обезбедени се 23 адвокатски застапувања во надлежните судови. Во 2024 г. кариерната советничка обезбедила 46 услуги со кои опфатила вкупно 40 жени.
Женски центар за поддршка – Тетово
Во рамките на Женскиот центар за поддршка – Тетово, во текот на 2024г. биле обезбедени вкупно 563 услуги за 69 жени жртви на насилство и 62 деца.
Од обезбедените услуги, 264 услуги биле дадени од социјалната работничка кои вклучуваат: советување за остварување на социјални права, упатување, придружба и застапување пред релевантни институции и други граѓански организации. 249 услуги се обезбедени од психолог/ психотерапевтка, кои биле во форма на индивидуално и групно советување. Од правен советник се обезбедени 31 услуга, од кои 2 се адвокатски застапувања. Исто така биле обезбедени и 19 кариерни советувања.
Женски центар за поддршка – Битола
Во 2024 г., Женскиот центар за поддршка – Битола обезбеди вкупно 335 бесплатни услуги за поддршка на 41 жени жртви на родово базирано и семејно насилство и 23 деца.
Од вкупниот број на услуги, социјалната работничка обезбедила 51 услуга за советување за социјални права, како и за упатување, придружба и застапување пред релевантните институции и другите граѓански организации. Психологот и психотерапевтката за деца заеднички обезбедиле 238 услуги за индивидуално и групно советување. Адвокатката/правната советничка дала 34 услуги за застапување пред суд и поднесоци до институции. Дополнително биле обезбедени и 12 кариерни советувања за 12 жени жртви.
Во 3-те центри најмногу било пријавувано психичкото и физичкото насилство (85%), каде секоја од корисничките изјавила дека се справува и со физичко и со психичко насилство. Кај 65 кориснички, дополнително е идентификувано и економско насилство, а кај 30 кориснички и демнење. Други 2 кориснички биле жртви на силување во брак, и 7 на силување од познат сторител. Имало и 1 корисничка кои биле вознемирувани на јавен простор, и дури 8 обиди за убиство од интимен партнер.