Обезбедени специјализирани услуги за жени и деца – жртви на родово базирано и семејно насилство за 2023г.

Женски центар за поддршка – Скопје

Во рамките на Женскиот центар за поддршка – Скопје, во текот на 2023г. биле обезбедени вкупно 694 услуги за 135 жени жртви на насилство и 7 деца.

Од обезбедените услуги, 405 услуги биле дадени од социјална работничка кои вклучуваат: советување за остварување на социјални права, упатување, придружба и застапување пред релевантни институции и други граѓански организации. Психотерапевтката/психологот обезбедила 106 услуги за жени жртви на РБН и СН, а психологот за деца обезбедила 37 услуги за малолетни деца, односно вкупно 143 услуги за поддршка од психотерапевт. Во однос на правната помош и поддршка, правната советничка обезбедила 94 услуги кои вклучуваат правно информирање, упатување до друга институција и писмени поднесоци. Дополнително, обезбедени се 27 адвокатски застапувања во надлежните судови. Во 2023 г. кариерната советничка обезбедила 15 услуги за индивидуално советување и 10 услуги за групно советување со кои опфатила вкупно 68 жени.

Женски центар за поддршка – Тетово

Во рамките на Женскиот центар за поддршка – Тетово, во текот на 2023г. биле обезбедени вкупно 318 услуги за 43 жени жртви на насилство и 14 деца.

Од обезбедените услуги, 115 услуги билe дадени од социјалната работничка кои вклучуваат: советување за остварување на социјални права, упатување, придружба и застапување пред релевантни институции и други граѓански организации. 203 услуги се обезбедени од психолог/ психотерапевтка, кои биле во форма на индивидуално и групно советување.

Женски центар за поддршка  – Битола

Во 2023 г., Женскиот центар за поддршка – Битола обезбеди вкупно 289 бесплатни услуги за поддршка на 29 жени жртви на родово базирано и семејно насилство и 28 деца.

Од вкупниот број на услуги, социјалната работничка обезбедила 33 услуги за советување за социјални права, како и за упатување, придружба и застапување пред релевантните институции и другите граѓански организации. Психологот и психотерапевтката за деца заеднички обезбедиле 242 услуги за индивидуално и групно советување. Адвокатката/правната советничка дала 14 услуги за застапување пред суд и поднесоци до институции.

Во 3-те центри најмногу било пријавувано психичкото и физичкото насилство (85%), каде секоја од корисничките изјавила дека се справува и со физичко и со психичко насилство. Кај 75 кориснички, дополнително е идентификувано и економско насилство, а кај 12 кориснички и демнење. Други 12 кориснички биле жртви на силување во брак, и 5 на силување од непознат сторител. Имало и 2 кориснички кои биле вознемирувани на јавен простор, и дури 6 обиди за убиство од интимен партнер.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Јавен повик за суб-грантирање на женски граѓански организации Бр. 01/03/25

Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, во рамките на проектот „Институционализирање на квалитетни услуги за рехабилитација и реинтеграција на жртви од насилство II“

Унапредување на услугите за жртвите на сексуално насилство и силување – прва средба на Работната група

На 13 март, се одржа првата средба на Работната група формирана од Министерството за здравство која ќе работи унапредување и имплементација на стандардната оперативна процедура

Јавен повик за истражувачки

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство во рамките на проектот „Институционализирање на квалитетни услуги за рехабилитација и реинтеграција за жени жртви на