Новогодишна работилница за поставување цели

Оваа Нова година, нашиот Женски центар за поддршка во Скопје заедно со Катерина Златановска Попова на сите наши поддржувачи им остави мал подарок под елката – онлајн работилница за поставување цели. Оваа работилница им помогна на младите жени и девојки кои учествуваат да ја заокружат својата #ЕсенскаТрансформација со појасна визија за иднината.

Учесничките на двочасовната работилница направија преглед на сите успеси од годината што си оди и си поставија нови цели за годината што доаѓа. Освен што си составија листа со новогодишни одлуки, научија и техника со која ќе си постават реална временска рамка за секоја од нив и ќе ги дефинираат првите чекори за успешна реализација. Ова го направија со помош на познатата техника SMART, мудро дополнета од нашата кариерна советничка Кате – покрај тоа што требаше да бидат конкретни (specific), мерливи (measurable), остварливи (attainable), релевантни (relevant) и временски ограничени (time-bound), целите овој пат требаше да бидат и инспиративни (inspiring).

И навистина беа – од трчање маратони, до добивање возачка дозвола, па сè до наоѓање на работата од соништата, учесничките имаа многу амбиции кои благодарение на работилницата ги претворија во реални и мерливи цели за Новата година.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости