Во Скопје, на 18.09.2025г. се одржа протест под мотото „Ниту една повеќе!“ како реакција на продолженото насилство врз жените и последниот фемицид, односно убивството на Росица во Велес.
Росица (31) од Велес беше убиена на 15 септември 2025 од својот поранешен партнер. Тој бил пријавуван повеќе пати за насилство, но институциите не реагирале адекватно и не ја заштитиле. Со неа, животот го загуби и нејзиниот татко, убиен од истиот убиец.
Протестот започна пред Министерството за внатрешни работи и заврши кај паркот „Жена борец“. Учесниците носеа транспаренти со пораки како „Од непостапување – до погребување“, „Направете специјална полициска единица која веднаш ќе реагира по пријава„ и сл.
Институциите како полицијата, центри за социјална работа, обвинителството и судовите не постапуваат соодветно кога жените пријавуваат насилство. Молкот, срамот, недостапноста и неможноста да се бара правдата се дел од културната и институционалната рамка која овозможува насилството.
Досега во последните пет години, убиени се најмалку 20 жени како резултат на продолжени епизоди на родово базирано насилство.
На протестот се побара одговорност од институциите, односно оставки и дисциплински постапки протви службените лица кои не постапиле, како и независна истрага за пропустите, како во случајот на Росица така и во други случаи. Дополнително се побара и промена на праксата, односно истутициите да постапуваат серизон кон пријавие ис о навремени раекции, како и должно внимание.
Овој протест не е само поради еден случај — тој е знак за системски недостатоци и социјална состојба која дозволува насилство врз жените да се повторува. Додека институциите ги игнорираат повиците за помош, фемицидите продолжуваат.
















