Закони против дигитално насилство: искуствата на регионот и Северна Македонија

На 15 и 16 септември во Неум, Босна и Херцеговина, Советот на Европа ја организираше конференцијата „Размена на добри практики во контекст на законодавни измени за дигиталното насилство врз жени“. Настанот собра експерти, пратеници и претставници на граѓански организации од регионот и Европа, со цел размена на искуства и унапредување на институционалните одговори за заштита на жените од родово базирано насилство, со посебен акцент на технолошки потпомогнатото насилство.

На конференцијата учество зема и Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, претставена од Ана Аврамоска Нушкова, која беше говорничка на два панела.

Во рамки на првиот панел, таа го претстави македонското искуство со ратификацијата на Истанбулската конвенција и процесот на усогласување на домашното законодавство, со посебен фокус на измените на Кривичниот законик од 2023 година. Новите кривични дела и построгите казни за насилство врз жени беа оценети како значаен чекор напред, но Аврамоска Нушкова посочи дека сè уште постојат празнини – особено во регулирањето на споделувањето слики без согласност и злоупотребата на вештачката интелигенција за креирање на сексуализирани содржини.

На вториот панел таа говореше за практичните предизвици во имплементацијата на законите. Како најголеми проблеми ги посочи нискиот процент на пријавување од страна на жртвите, недостигот на институционални ресурси и тешкотиите во прибирањето дигитални докази. Според неа, донесувањето закони е само прв чекор, а вистинската заштита зависи од нивната доследна примена.

Клучната порака која произлезе од ова учество е дека законите се основа, но нивната имплементација претставува вистинска правда и вистинска заштита за жените и девојките – и офлајн и онлајн.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската