Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за вработување проектна координаторка за потребите на Извршната канцеларија, на определено време во период од 1 (една) година, со можност за продолжување.
Опис на позицијата и работни задачи:
Проектната координаторка е одговорна за:
- целосна координација и спроведување на проекти;
- техничка и логистичка поддршка на сите аспекти на проекти;
- спроведување на процес на субгрантирање локални женски организации;
- координација и соработка со внатрешни и надворешни експерти, ангажирани за потребите на проектите;
- организација и учество на состаноци со релевантни чинители на регионално, национално и локално ниво;
- застапување пред релевантни чинители на регионално, национално и локално ниво;
- организирање и логистика на настани со релевантни институции и граѓански организации;
- координација на кампањи за видливост на социјални медиуми, координација и соработка за подготовка на визуелни материјали;
- подготовка на извештаи, пропратни документи и документирање на средствата за верификација на спроведените активности и индикатори;
- следење на буџетското трошење за да се обезбеди ефикасност на проектните буџети;
- комуникација и координација со партнерски организации, вклучително електронска и пишана коресподенција, учество на онлајн и физички состаноци и настани организирани од партнерите, како и студиски посети;
- следење објави и известувања во медиумите во врска со насилство врз жени и семејно насилство;
- соработка со медиуми за интервјуа, изјави и гостувања со цел претставување и видливост на работата на Мрежата;
- следење објави за предлог проекти и подготовка на нови проектни апликации;
- извршување други задачи во согласност со потребите на организацијата.
Критериуми за избор:
- Завршено високо образование;
- Напредни познавања на работа со компјутер (Microsoft office, интернет и сл.);
- Најмалку 5 години работно искуство во граѓански сектор и во раководење на проекти;
- Познавање на процедури за работење на проекти финансирани од меѓународни донатори (ИПА проекти, Европска Унија, Европската Комисија итн.);
- Одлични познавања на македонскиот и англискиот јазик;
- Изградени способности за тимска работа;
- Добро изградени организациски и комуникациски вештини;
- Кандидатки кои се динамични и самоиницијативи.
За предност ќе се смета:
- познавања или искуство од областа на работа со маргинализирани групи, родово базирано и семејно насилство врз жени и деца, сексуално насилство, човекови права, познавање на меѓународна и национална легислатива поврзанa со насилството врз жени и деца и семејно насилство;
- искуство во застапување и работа со релевантни чинители на национално и регионално ниво;
- образование во некоја од овие области: социјална работа, психологија, хуманистички науки, право, или други сродни професии;
- мотивираност за работа во областа на конкретното работно место;
- доверливост и сензибилност за работа со маргинализирани групи;
Потребни документи:
- скенирана копија од дипломата за завршено образование;
- кратка биографија на македонски јазик;
- најмалку една препорака од претходните работни места.
Услови за позицијата:
Позицијата предвидува полно работно време секој работен ден. Висината на надоместокот изнесува 92.000 денари во бруто износ. Позицијата е со физичко присуство во просториите на Извршната канцеларија на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.
Пријавување:
Заинтересираните кандидатки треба да ги испратат потребните документи по електронски пат на coordinator@glasprotivnasilstvo.org.mk најдоцна до 05.10.2025г. до 00.00ч. со назнака „Конкурс за вработување проектна кооринаторка 2025“.
Кандидатките кои нема да ги достават бараните документи нема да бидат разгледувани.
Само кандидатки кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор. Ве молиме наведете телефон за контакт и е-маил адреса.



