ЈАВЕН ПОВИК за превод и лектура на анализа

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува јавен повик за ангажирање фирма или индивидуални преведувачи/лектори за превод и лектура на анализа на трошоци во рамки на проектот „Институционализирање на квалитетни услуги за рехабилитација и реинтеграција на жртви од насилство II“ финансиран од Австриската агенција за развој (АДА) со средства од Австриската развојна соработка.

Предмет на јавниот повик е превод и лектура на анализа на трошоци, изработена на англиски јазик, со обем од приближно 90 страници.

Потребни услуги

Избраниот понудувач/избраните понудувачи ќе треба да ги обезбедат следниве услуги:

  • превод од англиски на македонски јазик;
  • превод од англиски на албански јазик;
  • лектура на македонската верзија;
  • лектура на албанската верзија.

Понудувачите треба да аплицираат за сите услуги во една понуда.

Услови за аплицирање

На јавниот повик може да се пријават:

  • правни лица/фирми кои нудат услуги за превод и лектура;
  • индивидуални преведувачи и индивидуални лектори во конзорциум.

Пожелно е понудувачите да имаат претходно искуство во превод и/или лектура на стручни документи, анализи, истражувања или публикации од областа на социјалната заштита, родовата еднаквост, насилството врз жени и семејното насилство, јавните политики, економските анализи или сродни области.

Содржина на понудата

Заинтересираните понудувачи треба да достават:

  • кратка биографија/порфолио на фирмата или индивидуалниот понудувач;
  • краток опис на релевантно искуство;
  • финансиска понуда изразена по страница, и тоа:
    • цена по страница за превод од англиски на македонски јазик;
    • цена по страница за превод од англиски на албански јазик;
    • цена по страница за лектура на македонски јазик;
    • цена по страница за лектура на албански јазик;
  • вкупна проценета цена за услугата/услугите за кои се аплицира;
  • предложен рок или динамика за испорака.

Рокот за испорака на преводот и лектурата ќе биде дополнително договорен со избраниот понудувач/избраните понудувачи, согласно обемот на документот и потребите на проектот.

Начин на аплицирање

Потребната документација треба да се достави електронски, најдоцна до 10ти Јуни 2026г. на следната е-маил адреса: balsha@glasprotivnasilstvo.org.mk, со назнака:

Апликација на јавен повик за превод и лектура на анализа на трошоци

Критериуми за избор

При изборот ќе се земат предвид:

  • релевантното искуство на понудувачот;
  • понудената цена;
  • предложениот рок и динамиа за испорака;
  • капацитетот за обезбедување квалитетен превод и лектура на стручна анализа.

За дополнителни информации, заинтересираните понудувачи може да се обратат на: 077/750-007.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската