Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, објавува Јавен повик за ангажирање на Психолог/психотерапевтка во Женски центар за поддршка – Битола. Ангажманот започнува на 10 Октомври 2025 година.
1. Кандидатките треба да ги исполнуваат следните квалификации:
- Диплома од завршено високо образование (дипломиран психолог)
- Поминато најмалку 500 часа едукација по психотерапија
- Одлични познавања на македонски јазик
Како предност ќе се смета:
- Искуство во директна работа со корисници, особено жени и деца жртви на насилство;
- Помината најмалку една обука за работа со жени и/или деца жртви на родово-базирано и семејно насилство;
- Нудење на психолошка помош на ранливи групи на граѓани.
2.Опис на ангажманот: Ангажираната кандидатка ќе биде задолжена за обезбедување психолошка помош преку пружање на советување и поддршка на жени и деца жртви на насилство и семејно насилство. Ангажираната кандидатка ќе одржува индивидуални и групни сесии со корисниците на Женски центар за поддршка – Битола, кои се жени и деца жртви на насилство и семејно насилство; ќе води евиденција за корисниците преку подготовка на кратки наративни извештаи согласно спроведените сесии и ќе подготвува месечни и квартални извештаи за дадените услуги и спроведените сесии; ќе учествува во состаноци со другите даватели на услуги и тимот на Извршната канцеларија, како и состаноци, настани и слично со надлежни институции и други организации согласно својата експертиза.
Надоместокот за оваа позиција се исплаќа согласно изработени сесии (индивидуални и групни). Висината на истиот ќе се определи согласно искуството и степенот на подготвеност на кандидатката за работа со жртви на насилство врз жени и семејно насилство.
Најдоцна до 05 октомври 2025г. година заинтересираните кандидатки треба да достават:
– скенирана копија од дипломата за завршено образование
– потврда за завршена едукација за психотерапија
– потврда за помината обука за родово- базирано и семејно насилство
– кратка биографија
Кандидатките кои нема да ги достават бараните документи нема да бидат разгледувани.
Документите со назнака/предмет на пораката „Јавен повик за Психолог/психотерапевтка – Битола“ треба се испратат по електронски пат на следната е-маил адреса: zenskicentarbitola@gmail.com



